Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Во мај издадени 317 дозволи за градба, во Скопскиот регион за 186 нови станови

12 јул. 2023 г.·2 мин читање·2046 прегледи

Следете не на Viber

Во мај се издадени 317 одобренија за градење, што е за 1,9 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Предвидената вредност на објектите, пресметано според издадените одобренија, изнесува 5.311.942 илјади денари или 86 милиони евра. Тоа е за 23,4 насто повеќе споредено со истиот месец лани.

Статистиката вели дека од вкупниот број издадени дозволи за градба, 137, односно 43,2 проценти се за објекти од високоградба, а 119 или 37,5 отсто за објекти од нискоградба. За реконструкција на објекти се доделни 61 или 19,3 проценти од одобренијата.

Од вкупно 317 објекти, на 142 (44,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 175 (55,2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Од регионален аспект, најмногу дозволи се издадени во Скопскиот – 76, каде што е предвидена изградба на 186 станови со површина од 15.687 метри квдратни, а најмалку во Североисточниот регион – 15.

Од ДЗС посочуваат дека во извештајниот период е предвидена изградба на 675 станови, со вкупна корисна површина од 54.646 метри квадратни.

Клучни зборови

  • Државниот завод за статистика
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk