Секторот други помошни дејности во транспортот ги поврзува производството, трговијата и извозот, обезбедувајќи непречен проток на стоки низ земјава и надвор од границите. Директната вклученост на шпедиции, логистички компании и транспортни посредници ја градат мрежата преку која функционира целиот тој систем.
Во оваа категорија дејствуваат повеќе компании, од кои меѓу бизнис-лидерите се вброени дваесетина што се издвојуваат и според највисоки финансиски резултати и по обемот на работа согледан преку ангажираноста на човечки потенцијал. Десетте најприходни компании лани оствариле вкупен обрт од 126,4 милиони евра. Најпрофитабилните десет имаат заедничка добивка од 3,2 милиони евра. За десетте најголеми работодавачи минатата година ра…