Корисна информација за банките – ако сакате да им продадете потрошувачки или станбен кредит на граѓаните, не ги барајте во јануари – ни под разно!
Корисна иформација за граѓаните – ако сакате да земете потрошувачки или станбен кредит, не одете во банка во јануари, нема да добиете.
Јануари е, дефинитивно, најлошиот месец за кредитирање на граѓаните во земјава. Тоа е така веќе 16 години наназад. Во овој месец е регистрирана најмалата кредитна активност на банките кон физичките лица. Порталот „Пари“ повторно анализира во кој месец од годината за каков кредит се заинтересирани македонските граѓани, врз основа на податоците за одобрените станбени и потрошувачки кредити во периодот од јануари 2009 до мај…