Имаат огромни профити, но колкави плати даваат? Порталот Пари, во соработка со Бизнис мрежа, го бара одговорот во анализата за просечни плати на фирмите што се на листата 100 најголеми по добивка. На оваа листа се фирми со добивки од 3 милиони евра до 73,15 милиони евра. Платите се движат од 3.000 денари во Друштвото за трговија на големо и мало МА ТРУСТ ДОО Скопје, до 254.796 денари во Друштвото за приредување игри на среќа КАСИНОС АУСТРИА ИНТЕРНАТИОНАЛ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје. Но, и фирмата со највисоката и фирмата со најниската плата се специфични. И двете се со по еден вработен.
КОИ ФИРМИ ДАВАЛЕ НАЈВИСОКИ ПЛАТИ?
Прoсечна плата од 100.000 денари во Македонија не е вообичаена. Но, 6 компании во друштвото 100 најголеми по добивка имаат просечна плата над 100.000 денари.
КАСИНОС АУСТРИА ИНТЕРНАТИОНАЛ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје е дом на едниот вработен со плата од околу 4.000 евра. Таму приходот е 9,8 милиони евра, а добивката е 8,7 милиони евра. КАСИНОС АУСТРИА ИНТЕРНАТИОНАЛ МАКЕДОНИЈА…