Во собраниската Комисија за финансирање и буџет течат бурни амандмански расправи во однос на Предлог-буџетот за 2024 година, а една од редовните теми е задолжувањето. Државниот долг, заклучно со 31 октомври, е над 6,9 милијарди евра. За наредната година буџетската дупка е планирана на 578 милиони евра. Но, бидејќи за отплата стигнуваат и стари долгови, околу 730 милиони евра, мора да се позајмува и за нив, па според Предлог-буџетот вкупно планираното ново задолжување за 2024 година е околу 1,3 милијарди евра
Полека се исцрпува и овогодишниот буџет. Досегашниот буџетски дефицит, поточно со датум 5.12.2023 година, како разлика меѓу приходите и расходите, е 574…