Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ВО ХРВАТСКА БОЈКОТОТ ГИ ДАДЕ ПРВИТЕ РЕЗУЛТАТИ: Владата ги ограничи цените на 70 производи за широка потрошувачка

30 јан. 2025 г.·3 мин читање·6408 прегледи

Следете не на Viber

По минатонеделниот граѓански бојкот на трговските синџири, хрватската влада ги повлече првите чекори во насока на намалување на ценовниот притисок врз граѓаните, пишуваат хрватските медиуми. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се сретна со претставници на трговските синџири и производители заради ревидирање на листата на производи со ограничени цени и натамошни чекори за заштита на потрошувачите.

Министерот Анте Шушњар ја претстави новата листа на производи. „Со новата одлука се опфатени 70 производи, за разлика од порано кога имаше 30 производи“, потврди Шушњар.

Министерот за финансии Марко Приморац потсети на досега преземените мерки. „Очекуваме инфлацискиот притисок да се намали на 2,7 отсто. Но, сега се соочуваме со проблемот на поскапување на производите, за кои на граѓаните не им е јасно зошто во Хрватска се толку поскапи отколку во другите земји. Ова е клучната тема на средбата, а ние би сакале преку отворен дијалог да ги анализираме тезите што се појавуваат во медиумите и да се обидеме да им ги објасниме на граѓаните сите потенцијални проблеми“, рече Приморац.

Тој нагласи дека ја намалиле стапката на ДДВ на пет проценти кога се во прашање прехранбените производи – од основните инпути во земјоделското производство до финалните производи – така што тоа не може да биде причина за високите цени.

Приморац потсети и за услугите и производите за кои ДДВ е намален на 13 проценти. „Ова не може да биде на штета на обичниот човек. Оти ​​овде никој нема да биде сиромашен“, им порача премиерот Андреј Пленковиќ на трговците. „Целта на оваа средба е да се разбере дека ова е заедничка одговорност. Ние го земавме нашиот дел, но очекуваме и другите да го земат нивниот. Наша должност е да се грижиме за сите граѓани, а не само за одредени сегменти од општеството или економијата“.

Досега, според Пленковиќ, во Хрватска имало седум таргетирани пакети помош кои спасиле 800.000 работни места за време на пандемијата, ја заштитиле куповната моќ на граѓаните, обезбедиле поддршка за пензионери, студенти, вработени, невработени, лица со посебни потреби, субвенции за ублажување на порастот на трошоците за енергија, како и помош за земјоделците и рибарите, истакна хрватскиот премиер.

„Производите што луѓето најмногу ги купуваат – а секој мора да ги јаде – често се поскапи отколку во поразвиените земји каде стандардите се повисоки, а цените пониски“, предупреди Пленковиќ. „Владата располага со два вида мерки – првата е мерки на фискалната политика, а втората е ограничување на цените на одредени производи. Веќе го направивме ова за 30 производи“.

Бојкотот на трговците испрати порака дека во ера на технолошки напредок секој може да ги споредува цените.

На новата листа ќе се најдат 50 производи со ограничени цени, а според неофицијални информации на нив ќе има конзервирана и замрзната риба, одредени колбаси и паштети, полубел леб, зеленчук и овошје.

Клучни зборови

  • бојкот
  • скапотија
  • супермаркети
  • Хрватска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk