Анализа: Сѐ за платите во нашето опкружување
Недостигот на работна сила значително ја коригира цената на трудот, но последните статистички податоци открија огромен парадокс: просечната нето-плата се намали за речиси 1.000 денари! Последните статистички податоци се однесуваат за јули, кога просечната исплатена нето-плата била 40.961 денари, за разлика од платата во јуни, која изнесувала 41.939 денари. Интересно е, пак, што јули е месец кога пазарот на труд уште повеќе се намали со оглед на одливот на сезонски работници коишто отидоа на летна работа во регионот, но и подалеку. Но, тоа не значеше дека тие што останаа беа стимулирани со поголеми плати.
Порталот Пари анализираше дали постои некоја друга земја во регионот каде што платите се намалиле? Потврда не даде ниту еден од податоците на националните статистики. Напротив! Секаде околу нас имало раст на плати…