Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Во болниците згрижени 118 лица: Тешко повредените се сместуваат и во „Аџибадем Систина“

16 мар. 2025 г.·2 мин читање·2125 прегледи

Следете не на Viber

По големата трагедија во Кочани, во која животот го загуби 51 лице, здравствениот систем се мобилизира за пружање помош и интервенции на повредените лица. Повредените се хоспитализирани во Кочани, Штип и во Скопје, односно згрижени се 118 лица. Своите капацитети ги стави на располагање и „Аџибадем Систина“, каде што се примени пациенти со поголеми повреди.

„Ја информираме јавноста дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со сите свои ресурси се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани.

Ве известуваме дека веќе е направен прием на тешко повредени пациенти во болницата. Болницата е во постојана комуникација со Министерството за здравство и се вклучува во помош онаму каде е најпотребно“, информираат од болницата.

Како што наведуваат, на располагање се 20 интензивни места за третман на најкритичните пациенти, како и целокупниот капацитет и  медицински тим на болницата неопходен за итен третман.

Настраданите и повредените се жртви од пожарот што ја зафати дискотеката во Кочани, за време на концертот на групата ДНК. Првичните информации и видео-снимките упатуваат на тоа дека оганот е предизвикан од пиротехничките средства користени за светлосни ефекти. Искрите го зафатиле таванскиот дел од лесно запалива материја, па пожарот брзо се проширил.

Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, пожарот бил пријавен околу 2:35 часот од полициски службеник од ОВР Кочани, кој во моментот, во дискотеката „Пулс“ постапувал по план за контрола на угостителски објекти.

Тешко повредени се и дел од организаторите, соопшти Тошковски, додавајќи дека во рамките на соодветната постапка има и приведени.

МВР ги презема сите мерки за истражување на причините за трагедијата. Дежурен јавен обвинител е излезен на терен и работи на случајот.

Понуди за медицинска помош пристигнуваат од соседните земји.

Во меѓувреме, бројни семејства бараат информации за своите деца преку социјалните медиуми.

Клучни зборови

  • Аџибадем Систина
  • загинати
  • здравствен систем
  • КОЧАНИ
  • повредени
  • пожар
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk