Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

ВО АЏИБАДЕМ СИСТИНА ОТВОРЕН ПРВИОТ ЦЕНТАР ЗА ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА ВО ЗЕМЈАВА

27 мај 2026 г.·3 мин читање·7365 прегледи

Следете не на Viber

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е отворен првиот Центар за тироидна жлезда во Maкедонија, кој нуди комплетна дијагностика, третман и следење на сите заболувања на тироидната жлезда кај возрасни и деца.

Во рамки на Центарот функционира мултидисциплинарен тим специјалисти по нуклеарна медицина, торакална хирургија, радиологија, патологија, педијатрија и ендокринологија, кои на пациентите ќе им овозможат сеопфатна грижа за сите проблеми со тироидната жлезда.

Посебен акцент во работата на Центарот е ставен и на раната детекција на евентуални вродени нарушувања на тироидната желзда кај новороденчиња преку ехоскрининг, кој ќе биде вклучен во пакетите за пoродување како бесплатен преглед за сите новороденчиња родени во „Аџибадем Систина“.

„Формирањето на Центарот за тироидна жлезда е значаен чекор кон обезбедување врвна, интегрирана и прецизна медицинска грижа за нашите пациенти. Главната цел на овој Центар е пациентите да можат за само еден ден на едно место да направат специјалистички преглед, ултразвук, лабораториски анализи, скен, биопсија и сѐ што е неопходно, без потреба од дополнителни консултации и упатувања во други установи. Доколку е потребно, пациентите веднаш добиваат термин и план за понатамошно лекување, како што е хирургија или радиојодна терапија, која е постојано достапна во болницата“, изјави м-р доктор Билјана Црцарева, специјалист по нуклеарна медицина во „Аџибадем Систина“.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со својот докажан и искусен тим торакални хирурзи годишно изведува над 100 хируршки интервенции на тироидна жлезда, од кои повеќе од половина се карциноми. Досегашното искуство зборува дека за краен успешен резултат е особено важно навременото дијагностицирање. Затоа формирањето на еден интегриран центар ја олеснува работата на хирурзите, кои секојдневно се во тесна соработка со специјалистите кои ги водат пациентите и заедно донесуваат одлука за тоа каков вид третман ќе се спроведе. Дополнителна сигурност и безбедност за пациентите е тоа што сите операции на тироидна жлезда во „Аџибадем Систина“ се изведуваат со поддршка од систем за невромониторинг, кој ја зголемува безбедноста на оперативниот зафат и го минимизира ризикот од можни компликации.

„Интраоперативниот невромониторинг, кој го применуваме во соработка со невролошкиот тим, има значајна предност во однос на конвенционалната визуелна идентификација на нервите во пределот на тироидната жлезда. Претставува безбедна техника, која ни дава можност во реално време да ги следиме функцијата и интегритетот на нервите за време на хируршката интервенција, со што значително се намалува ризикот од нивно оштетување, особено на нервот кој е одговорен за гласот и говорот“, изјави д-р Драган Смилевски, специјалист по торакална хирургија.

Со отворањето на Центарот за тироидна жлезда, беше истакнато на денешната промоција на Центарот, болницата поставува нови стандарди во третманот на тироидната патологија и се позиционира како референтен центар во регионот за најкомплексните случаи кај деца и возрасни.

Клучни зборови

  • Аџибадем Систина
  • болница
  • здравство
  • пациенти
  • тироидна жлезда
  • Центар за тироидна жлезда при Клиничка болница „Аџибадем Систина“
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk