Добивката на Еос матрикс во 2020 година беше 375.000 евра, а во 2021 година 1 милион евра
Една од пет компании стравува за својот опстанок поради тоа што клиентите доцнат или не ги плаќаат побарувањата. Ова го покажало истражувањето на меѓународната групација за наплата на побарувања EOS, „Европски платежни практики 2022“, во кое биле анкетирани 3.200 финансиски директори од 16 европски земји. Постојат различни причини за овие лоши практики на плаќање. Многумина од оние кои доцнат имаат финансиски тешкотии. 60 отсто од компаниите велат дека причината поради која нивните деловни клиенти не плаќаат е тоа што тие самите се соочуваат со неисполнување на плаќањето од страна на нивните клиенти. 43 отсто сметаат дека несолвентноста е причина за недостатокот на ликвидност.
‒ Загрижувачки е што практиките на плаќање толку многу се влошија само во првата половина од годината. Особено затоа што во светлината на тековните економс…