Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Власта и трговците се обвинуваат, граѓаните плаќаат

13 сеп. 2023 г.·4 мин читање·1452 прегледи

Следете не на Viber

Во кризно време компаниите не треба да се причина за кризата да биде уште поголема. Ако храната е зголемена за 11 насто во Европската унија, по берзанските цени, овде зголемувањето е за 46 проценти. Тоа не е етички, вели вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој токму поради ценовниот раст и сомневањата во здружено креирање на цените, вчера поднесе преставка до Комисјата за заштита на конкуренцијата.

„Повикот вчера беше јасен. Разговарав со Комисијата да покренат иницијативи во неколку сектори. За да видат дали евентуално може да докажеме дека има договарање. Мора да се зајакнат инспекцските сужби со нови професионално вработени луѓе, кои ќе бидат цело време на терен и ќе ги гледаат ваквите однесувања“, изјави Битиќи.

Последниве месеци граѓаните речиси секојдневно се соочуваат со ценовни промени. Најголемите удари ги чувствуваат преку поскапувањето на лебот, сирењето, месото, овошјето и зеленчукот. Реагираат дека најосновната намирница, лебот, кој со владините мерки додека беа на сила, чинеше 33 денари, сега се продава 45-46 денари.

Статистиките покажуваат дека за една година прехранбените артикли поскапеле, во просек, за над десет насто, овошјето за 21, а зеленчукот за 25 проценти.

Сега, со претставката од вицепремиерот, борбата против високите цените влезе во институционална фаза. Комисијата за заштита на конкуренцијата треба да детектира дали еснафот со заеднички сили ги билда цените. Допрва треба да се види дали ќе успее и кога да ги разоткрие трговците и компаниите кои профитираат за сметка на граѓаните.

„Постапката од прилика трае година дена, но искуството говори дека штом надлежните излезат на терен, проблемите се елеминираат. Сметаме дека има одредено договарање, кое може да се поправи при самото излегување на инспекторите“, смета Битиќи, кој досега во неколку наврати јавно го искажа сомневањето во бизнис секторот, дека „постојат нелојални договори, што предизвикува штета на слободниот пазар“.

Освен со претставката, Владата ќе се справува со проблемот преку нов пакет антикризни мерки. Според најавите, од ноември. Што значи дека граѓаните, за кои е наменета таа помош, ќе мора прво да го протуркаат септември, кој традиционално е најтежок месец за семејниот буџет, а потоа и октомври.

Освен тоа, засега не е позната содржината на пакетот. Само се знае дека овој вид помош е наменет за најранливите категории, при што ќе има субвенции за сметките за струја и за греење. Како што рече, Битиќи, антикризни мерки ќе се донесат за да им се помогне на тие на кои најмногу им е потребно“. За таа цел, за овој деветти антикризен пакет, со неодамнешната распределба на буџетските средства, се издвоени 74 милиони евра.

Од друга страна, пак, „ковачите“ на цените – производителите и трговците за растот ги обвинуваат претходните замрзнувања кои произлегуваа од владините мерки. Односно, дека се принудени сега да прават порамнивања, бидејќи во меѓувреме суровините, енергентите, материјалите… поскапувале. Што е дел од слободните пазарни движења. Со ова, велат, се потврдува безидејноста на властите да се справат со инфлацијата.

Стапката на инфлација минимално, но сепак, паѓа. Наспроти тоа, цените растат. Па, на граѓаните им се потребни речиси 50 илјади денари за покривање на месечните потреби. А, само 20 илјади денари за храна.

Додека македонските граѓани го чекаат ноември, цените во Србија од денес се намалени за 20 основни производи за исхрана, хигиена и хемикалии за домаќинството – млеко, јогурт, сирење, јаболка, компири, тестенини, пилешко месо, салама, безалкохолно пиво, сокови… означени со – „подобра цена“. Акцијата ќе трае до крајот на годината.

И во Хрватска се работи на случајот – ќе се замрзнат и вратат на претходното ниво цените на 1.600 производи кои драстично поскапеле.

Клучни зборови

  • зголемени цени
  • поскапа храна
  • скапотија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk