Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисПриродни ресурси

ВЛАДАТА СЕ ПОФАЛИ СО РЕКОРДНО ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА: Задоволени сите потреби на домаќинствата и индустријата

2 фев. 2023 г.·3 мин читање·737 прегледи

Следете не на Viber

Владата денес на прес конференција ги презентираше најновите информации во врска со енергетската состојба во земјата, а притоа се пофали за рекордно високото производство на електрична енергија. „На почетокот на годината, по успешното монтирање на трансформаторот на БЛОК 3 во РЕК Битола, за прв пат после долг временски период беа ставени во функција сите домашни расположливи енергетски капацитети. Ова беше потврдено и со бројки, односно на 29 јануари 2023 година дневно производство од домашните производни капацитети изнесуваше 21.229 MWh на електрична енергија, што претставува рекордно највисоко дневно производство во последните 10 години. Како резултат на посветената работа на нашите електро инженери и работници во енергетскиот сектор, за што и претседателот на Владата неколку пати упати признанија и благодарност за нивниот вложен труд“, истакна соработникот за енергетика на Владата, Виктор Андонов на денешната прес-конференција.

“Врз основа на податоците за месец јануари можеме да заклучиме дека резултатите во однос на домашното производство на електрична енергија се повеќе од добри, впрочем ако во минатото било вообичаено да се увезува во овој период од годината, благодарение на зголеменото производство ЕСМ успеа целосно да ги задоволи потребите на домаќинствата, малите потрошувачи и дополнителните обврски за прехранбената индустрија, училиштата, водоснабдителните системи и други витални државни субјекти, дополнително беа продадени и вишоци на електрична енергија. Во месец јануари вкупното домашно производство на електрична енергија изнесува 561.350 MWh електрична енергија. Во споредба со истиот месец претходната година кога производството на електрична енергија изнесуваше 434.189 MWh. Зголемувањето во месец јануари изнесува 29% и е во согласност со планот за 2023 година, со кој се предвидува зголемување на годишното производство на електрична енергија за 20% во однос на 2022 година“, рече Андонов.

Воедно тој го презентираше енергетскиот биланс за први февруари, кој покажува дека вкупното домашно производство на електрична енергија изнесува 19.172 Mwh, од кои 13.744 Mwh од термоелектраните, а 5.428 MWh од обновливи извори. Со ова производство целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.

„На 20-ти јануари заврши повикот на ЕСМ за пријавување на компании од прехранбена индустрија, основни и средни училишта и јавно комунални претпријатија за снабдување со струја по фиксна субвенционирана струја од 1-ви февруари. Според обработените податоци, вкупно ново пријавени се 41 субјект, од кои 21 компании од прехранбената индустрија, 17 основни и средни училишта и 3 јавно комунални претпријатија. Според нашите расположливи податоци, уште 80-тина основни и средни училишта не се пријавени од вкупно 475 основни и средни училишта во државата. Ја користам приликата истите да ги повикам да се пријават и да ги искористат можностите што Владата ги нуди“, рече Виктор Андонов на денешната прес конференција посветена на состојбите во енергетиката.

Клучни зборови

  • Виктор Андонов
  • есм
  • производство на струја
  • РЕК Битола
  • термоелектрани
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk