Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Владата не дели помош од 6.150 денари – пораките се лажни!

20 мај 2024 г.·2 мин читање·923 прегледи

Следете не на Viber

Граѓаните да бидат внимателни и да не даваат лични податоци, предупредуваат од Владата, откако се појавија пораки со примамлива содржина – дека се делат пари. Наводно, Владата дава додаток од 6.150 денари наменет за „зајакнување на куповната моќ на домаќинствата“. Преносот на средствата ќе се случи за три до четири дена. Во пораката има линк кој води до веб-страница која наликува на владината, а се испраќа од странски телефонски број.

 

„Ја информираме јавноста дека Владата на Република Северна Македонија НЕМА испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај кој се појави во изминатите часови  станува збор за смишинг и фишинг измама која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат“, пишува во владиното соопштение.

Исто така, нагласуваат – граѓаните да не наседнуваат доколку добијат порака со таа содржина.

„Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина во која се посочува Владата како испраќач, истата треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови, ниту да одговараат на пораките кои ги добиле.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки од странски телефонски броеви и мејлови и да не ги даваат личните податоци. Граѓаните треба да бидат внимателни и одговорни околу своите лични податоци, односно да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може однапред да им се утврди идентитетот“, советуваат од Владата.

Граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки испраќани од странски телефонски броеви и мејлови и да не ги даваат личните податоци – апелира Владата преку писмено соопштение откако граѓани деновиве почнаа да добиваат СМС и пораки по електронска пошта за наводна парична помош од Владата.

Во меѓувреме, реагираат и од банките. Како и во слични ситуации, Стопанска банка Скопје се обрати со порака до секој клиент поединечно, со предупредување во никаков случај да не внесуваат лични податоци, зата што постои можност да бидат измамени.

Клучни зборови

  • Влада
  • фишинг мејлови
  • фишинг пораки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk