Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Владата го усвои предлог-ребалансот на Буџетот: Првпат во приходите – добивката на Народната банка

19 јун. 2025 г.·3 мин читање·6560 прегледи

Следете не на Viber

Приходите 5,89 милијарди, расходите 6,56 милијарди евра. Буџетските приливи и трошоци се за еден процент или за близу 205 милиони евра поголеми во предложениот ребаланс усвоен од Владата. Буџетскиот дефицит е непроменет, четири проценти од БДП или 671,5 милиони евра. Проектирани се капитални расходи од 772,35 милиони евра. Притоа, се смета на инфлација од 2,8 проценти и на раст од 3,7 проценти. Новина е и тоа што првпат за потребите на државната каса се земаат пари од добивката на Народната банка.

„Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари или за околу еден процент повеќе во однос на Буџетот, односно за околу 3,5 милијарди денари. Растот на планираните средства е резултат на зголемени неданочни приходи – административни такси, концесии, добивка од Народната банка и други неданочни приходи, како и проширување на самофинансирачките активности на институциите, што ќе овозможи тековното работење и програмските приоритети наместо со целосно финансирање од буџетски средства да ги финансираат со користење средства од сопствени приходи“, соопшти министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Во контекст на трошоците посочи дека се планирани 403,7 милијарди денари, што според неа, најмногу се должи на развојната компоненета:

„Со предложените измeни вршиме реалокација на средства меѓу буџетските корисници, дообезбедуваме средства за непречена исплата на плати, пред сѐ во Министерството за внатрешни работи, каде обезбедивме раст на платите на вработените од 10 проценти. Исто така, обезбедени се дополнителни средства за исплата на зголемените пензии и транзициски трошоци и најважно е обезбедувањето дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи“.

Капиталните расходи се планирани на ниво од 47,5 милијарди денари. Или, дополнителни средства се издвојуваат за динамизирање на проектите чија реализација е добра, како кај Министерството за одбрана. Воедно, нагласи министерката, продолжува владината финансиска поддршка на општините, за кои со претходната одлука за прераспределба беа обезбедени дополнителни 600 милиони денари, средства кои се скратија од ставката привлекување странски директни инвестиции и развој на слободната економска зона, како и од развој на политики од областа на трудово право, социјална заштита и вработување.

„Инвестициите остануваат приоритет на Владата и тоа го следи овој Предлог-ребаланс на Буџетот. Целта е да ја поттикнеме економската активности и да го оствариме проектираниот раст“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Инаку, парите од добивката на централната банка Владата ги обезбеди со промените на Законот за Народна банка, предложени од група пратеници од владејачката партија и изгласани во Собранието. На тој начин се овозможи најголемиот дел од добивката да се пренасочат во државната каса и да ги троши власта.

„По покривање на загубите од претходни години, најмалку 30 проценти од добивката се издвојуваат во општите резерви, сè додека тие не достигнат износ еднаков на основната главнина. Остатокот од добивката се уплатува во Буџетот на Република Северна Македонија. Откако општите резерви ќе ја достигнат главнината, 15% од добивката се издвојуваат за општите резерви, а остатокот (до 85%) се уплатува во буџетот“, предвидено е со изменетото законско решение.

Според одделни експерти, со ова се задира во независноста на НБРСМ, затоа што добивката што ја остварува досега одеше во резерви, кои се користат исклучиво во кризни моменти, како што беше Ковид-пандемијата. По ново, Народната банка може да формира специјални резерви за однапред предвидени намени, но по претходно добиена согласност од Владата. Инаку, во 2024 година Народната банка оствари добивка од 12.574.635 илјади денари, односно 204,5 милиони евра.

М.А.

 

Клучни зборови

  • Влада
  • предлог
  • ребаланс на буџетот 2025
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk