Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Владата ги стави германските инвестиции во фокусот, а германските компании во земјава и дадоа негативна оценка

4 јун. 2021 г.·3 мин читање·2403 прегледи

Следете не на Viber

Иако германските компании во земјава сметаат дека актуелната деловна состојба им е полоша во споредба со изминатите години и не очекуваат никакви промени во однос на извозот, сепак скоро 70 проценти од нив повторно би инвестирале тука, покажува најновата анкета на Делегацијата на германското стопанство.

Членовите на Македонско-германското стопанско здружение повторно укажаа на проблеми со владеењето на правото, но посочија и на, како што се наведува во денешното соопштение, политички проблеми.

Според Делегацијата, резултатите од анкетата не се изненадувачки.

-Само осум отсто од испитаниците ја сметаат сопствената деловна состојба како добра (2019: 29 отсто), а 53 проценти како задоволителна (2019: 61 отсто). Очекувањата кои ги имаат во однос на извозот се исто така полоши во споредба со 2019 година. Само 34 проценти од нив претпоставуваат дека извозот на нивните добра и услуги ќе се развие подобро во споредба со претходните години (2019: 51 отсто). 40 отсто од испитаниците не очекуваат никакви промени во однос на извозот оваа година, додека 26 проценти од нив претпоставуваат дека ќе имаат намалување на извозот на нивните производи и услуги, вели директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс.

Од друга страна во Интервентниот инвестициски план 2021-2027-ма на Владата токму германските инвестиции кои се очекуваат во земјава се најбројни. Се очекува девет компании германски да вложат 281 милион евра во нови капацитети или проширување на постојните и да отворат 5645 работни места.

Еве кои се компаниите се германски компании кои ќе инвестираат во земјава, а ги има најмногу:

  • Компанија од Германија, фабрика за амбалажа во фармацевтска индустрија, вредност на инвестицијата 120 милиони евра, нови работни места 180, ТИРЗ Скопје 2;
  • Компанија од Германија, Проширување на производството, вредност на инвестицијата 7 милиони евра, нови работни места 510, ТИРЗ Струга,
  • Компанија од Германија, нова инвестиција и плус проширување во Битола, вредност на инвестицијата 30 милиони евра плус 26 милиони евра проширувањето во Битола, нови работни места 3000 плус 1230 во Битола, ТИРЗ Скопје 3;
  • Компанија од Германија, нов погон во Куманово, вредноста на инвестицијата 16 милиони евра нови работни места 1000, Куманово индустриска зона;
  • Компанија од Германија, нов производствен погон, вредност на инвестицијата 5 милиони евра, нови работни места 100, ТИРЗ Скопје 2;
  • Компанија од Германија, нов производствен погон, вредност на инвестицијата 35 милиони евра, нови работни места 120, ИЗ Охрид;
  • Компанија од Германија, нов производствен погон, вредност на инвестицијата 15 милиони евра, нови работни места 100;
  • Германска компанија, нов ДАТА Центар, вредност 20 милиони евра, нови работни места 35, Скопје;
  • Германска компанија, автомобилски делови, вредност на инвестицијата 7 милиони евра, нови работни места 600, ТИРЗ Скопје;

Клучни зборови

  • Анкета
  • Влада
  • германски компании
  • инвестиции
  • негативна оценка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk