Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Вкупните депозити 8,3 милијарди евра, кредитите – 7,1 милијарда евра

21 сеп. 2023 г.·4 мин читање·1214 прегледи

Следете не на Viber

Депозитите, во вкупен износ, се зголемени за 10,1 процент, а кредитите за 6,4 насто. За годишниот раст кај депозитите нешто поголемо е влијанието на корпоративниот сектор, додека домаќинствата имаат поголем удел кај кредитите. Ова се податоците на Народната банка за монетарните движења во август.

Износот на вкупните депозити е 511,377 милиони денари, односно 8,3 милијарди евра. Од кои 153,071 милион денари (речиси 2,5 милијарди евра) се на компаниите, а во сопственост на граѓаните се 331,720 милиони денари (5,4 милијарди евра).

Кај кредитите состојбата е следна – вкупен износ од 434,701 милион денари или близу 7,1 милијарда евра. Компаниите должат 207,309 милиони денари (речиси 3,4 милијарди евра), а граѓаните 224,817 милиони денари (3,6 милијарди евра).

На месечно ниво депозитите бележат зголемување од 0,2 насто. Како што посочуваат од Народната банка, тоа целосно е заслуга на компаниите, односно на корпоративниот сектор, зашто кај влоговите од граѓаните има пад.

Вкупните кредити, пак, во август се повисоки за 0,3 проценти од месецот пред тоа, и тоа поради зголеменото кредитирање на населението или секторот домаќинства.

Корпоративен сектор – Во август кај вкупните депозити на корпоративниот сектор е забележан месечен раст од 3,1 насто. Компаниите главно биле насочени кон краткорочни депозити во странска валута и депозитните пари. Споредено со истиот месец лани, депозитите се повисоки за 19 проценти.

Од друга страна, побарувачката на кредити е намалена за 0,3 отсто на месечна основа. „Во целост под влијание на падот на кредитите во странска валута, при забележан раст на кредитирањето во денари“, објаснуваат од НБ. Инаку, годишниот раст изнесува 5,8 насто, а доминантни се денарските кредити.

Домаќинства – Депозитите на граѓаните во август се намалени за еден отсто во однос на јули. Тоа е „одраз на падот на депозитните пари, во услови на остварен раст кај останатите компоненти“, се вели во извештајот. Во споредба со состојбата од пред една година, на ова поле има раст од седум проценти, при што се долгорочно се вложувале и денари и девизи.

На граѓаните им се потребни пари, па оттаму и нагорното движење кај задолжувањето. Августовската стапка на раст е 0,7 проценти, каде што преовладуваат подигнатите кредити во  денари. Анализирано на годишно ниво, кредитите на домаќинствата бележатарија раст од 6,7 насто, а на ова ниво поголемо е влијанието на кредитите во странска валута.

Од аспект на намената, потрошувачките и станбените кредити, кои се и најзастапени, се со месечно зголемување од 0,3 и 0,5 насто, а на годишно ниво – 6,4, односно 10,8 проценти. Конкретно, потрошувачките кредити во август достигнале 116,898 милиони денари речиси 2 милијарди евра, а станбените – 80,572 милиони денари 1,3 милијарди евра

Кај автомобилските кредити е евидентиран месечен раст од 1,3, а годишен за 16,7 насто. И, се во износ од 384 милиони денари/6,2 милиони евра.

Кредитите одобрени преку кредитните картички во август имаат вкупен износ од 10,157 милиони денари, односно 165 илјади евра. Тука месечното зголемување е 0,3 насто, додека годишно има намалување за 2,1 отсто.

Кај негативните салда, пак, има и месечен и годишен раст од 13 и од седум проценти. Износот е 7,068 милиони денари/115 илјади евра.

Кредитите одобрени по други основи во август имаат нанизок вкупен износ од 1,928 милиони денари/31 илјада евра. На месечно ниво се намалени за 0,3, а на годишно за 16,9 отсто.

Клучни зборови

  • банки
  • девизи
  • денари
  • депозити
  • кредити
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk