Најави се Зачлени се
Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Витаминка 70 години раскажува низ AI-приказна што патува низ времето

Katerina Panchevska·22 апр. 2026 г.·3 мин читање

Јубилејниот спот „Кој би помислил, од една пиперка… до цел свет на вкусови“ носи емотивно патување низ најпрепознатливите вкусови и моменти од историјата на брендот и производите што оставија трага кај многу генерации.

По повод својот 70-годишен јубилеј, Витаминка ја претстави рекламата „Кој би помислил, од една пиперка… до цел свет на вкусови“, целосно создадена со вештачка интелигенција. AI рекламата е инспиративна приказна што на емотивен и современ начин го оживува богатото наследство на компанијата, а сепак конципирана и продуцирана со помош на вештачката интелигенција. По својата обемност, продукциска сложеност и креативна изведба поставува нови стандарди во домашната маркетинг-комуникација.

Приказната во рекламата е времеплов низ светот на Витаминка, емотивно навраќање на најзначајните моменти од нејзината историја, претставени преку најпознатите и најомилените вкусови на брендот. Од првиот производ „Мелената алова пипер“ од 1956 година, преку Стоби Флипс и Дафинка, до Цевитана, чоколадите Синтагма и Happy, Frutti Jaffa меките бисквити и Cake up колачите, производите што стигнаа до повеќе од 30 земји во светот, рекламата го оживува наследството на Витаминка на современ и технолошки иновативен начин.

Содржи голем број кадри, секој со внимателно осмислени визуелни светови, посебни карактери, различни амбиенти и прецизно интегрирани пресвртни моменти, што ја прави оваа реклама исклучително комплексен и продукциски голем потфат.

Рекламата се издвојува и по начинот на кој технологијата е употребена за да се изгради богата, емотивна и визуелно слоевита приказна. Секоја сцена е обликувана со сопствена естетика, атмосфера и наративна функција, со цел автентично да се долови духот на различните декади низ кои се развива Витаминка.

Клучни зборови

  • Витаминка
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk