Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ВИСОКИОТ ТРГОВСКИ ДЕФИЦИТ Е НЕПРИЈАТЕЛ НА БДП: Скоро 2 милијарди евра достигна македонскиот дефицит

6 сеп. 2024 г.·2 мин читање·951 прегледи

Следете не на Viber

Според податоци на Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 1,9 милијарди евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 4,5 милиони евра и бележи пад од 7,7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 6,4 милиони евра, што е за 0,8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јули 2024, изнесува 70,4 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – јули 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

 

Клучни зборови

  • Извоз
  • македонија
  • трговски дефицит
  • увоз
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk