Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисОсигурување

„Винер“ се соедини со „Македонија осигурување“ – Заедно сигурни

28 јун. 2024 г.·2 мин читање·2414 прегледи

Следете не на Viber

ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје успешно се присоедини кон Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп. Преку Македонска берза компанијата ја сподели оваа информација со инвеститорската и со пошироката јавност.

„Ова присоединување е стратешки чекор за уште подобра услуга на нашите клиенти како и нови можности за раст и иновации под единствен бренд – МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, првата институција за осигурување во Македонија со традиција од безмалку 80 години во дејноста, вели претседателот на Управниот одбор и генерален менаџер на  Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, Бошко Андов.

Во своето обраќање посочува дека услугата ќе се одвива според највисоките стандарди.

„Посветени сме на одржување на највисоките стандарди на услуга и како што ги интегрираме нашите операции, ќе продолжиме да обезбедуваме беспрекорна транзиција за нашите клиенти, со непрекината услуга и континуирана посветеност на задоволување на потребите на пазарот за квалитетно осигурување.

На нашите вработени, сакам да им изразам најдлабока благодарност за напорната работа која беше клучна за постигнување на обврските со присоединувањето и уверен сум дека заедно ќе постигнеме уште поголем успех. На нашите клиенти и партнери, им благодариме за континуираната доверба и поддршка. На клиентите на досегашната ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје им посакуваме добредојде во МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп. Заедно, ние сме посилни, а со вашата доверба и во иднина, остануваме ЗАЕДНО СИГУРНИ“.

Барањата на досегашните клиенти на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје за веќе дадените услуги, како и барањата за идни услуги ќе може да се реализираат преку вработените и продажните агенти, кои и досега се лица за контакт, во ребрендираните подружници. За периодот на важноста на договорите за осигурување, осигурениците на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје своите права, обврски и одговорности кои произлегуваат од нив, ќе продолжат непречено да ги остваруваат преку Акционерското друштво за осигурување и реосигурување Македонија АД Скопје – Виена Иншуренс Груп.

Клучни зборови

  • Бошко Андов
  • ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје
  • МАКЕДОНИЈА Осигурување ад Виена Иншуренс Груп
  • присоединување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk