Десет винарии во земјава што минатата година имале најголеми приходи свртеле сума од 66,2 милиони евра а истите направиле добивка во износ од 4,5 милиони евра, покажува анализата на „БизнисМрежа.мк“.
Приходите и добивката на „Тиквеш“ недостижни за другите винарии
Во винскиот подрум на кавадаречката винаријата „Тиквеш“ кој се простира на 1.500 квадратни метри и каде има 670 француски дабови буриња се прават најголемите приходи и добивки во овој бизнис во земјава.
Минатата година, исто како и во 2018 година винаријата „Тиквеш“ ги има направено најголемите приходи и добивки. Односно, дури 43,7 отсто од приходите што ги прават десетте најголеми винарии отпаѓа на приходи направени во оваа кавадаречка винарска визба.
Со производство од сопствените лозови насади на 1000 хектари и уште 5000 хектари контролирани насади лани винаријата „Тиквеш“ свртела сума од 29 милиони евра а направени се приходи од 2,7 милиони евра. Минатата година, оваа винарија ги зголемилла приходите за 9,5 отсто во споредба со претходна…