Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Вицегувернерката Нацевска: Побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра од октомври 2025 година

10 апр. 2025 г.·2 мин читање·2609 прегледи

Следете не на Viber

„Од октомври 2025 година, деловните банки од земјава ќе можат да се приклучат кон платните системи на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), со што се отвора патот за побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра. Народната банка активно го следи процесот на подготовка на банките за пристап кон СЕПА, којшто опфаќа правна, техничка и оперативна усогласеност со европските стандарди”, посочува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интeрвју за националниот сервис МТВ.

Придобивките за граѓаните и компаниите ќе бидат значајни – намалени трошоци, поедноставени постапки и многу пократко време за трансакциите. Парите испратени од странство, вклучително и оние од иселениците, ќе пристигнуваат во текот на истиот или следниот работен ден, со значително пониски трошоци, а банките ќе треба да им ги пренесат овие придобивки и на клиентите преку пониски надоместоци.

Заради поедноставување на процедурите, Народната банка веќе ги укина обврските за доставување документација за тековните трансакции со странство, меѓу кои и за плаќање одмор или школарина во странство, а ќе се укине и за капиталните трансакции, освен за мал број трансакции за кои постојат експлицитни законски обврски. Ова значително ќе го олесни онлајн и шалтерското банкарство и ќе го поттикне користењето електронски и мобилни платежни услуги. Податоците покажуваат дека електронските плаќања во земјава веќе бележат годишен раст од над 40% во 2024 година.

Исто така, се работи и на олеснување на процедурите за приливните плаќања. Целта е средствата добиени од странство, вклучително и хонорарите, да се ставаат на располагање веднаш или најдоцна следниот ден, без потреба од приложување договор или фактура, освен во специфични случаи каде што тоа е законски обврзано.

Покрај ова, не се предвидуваат ограничувања за износите коишто може да се префрлат на основа на подарок, освен лимитот од 100 илјади евра кај инстант плаќањата, а контролите за спречување перење пари и финансирање тероризам и натаму ќе се применуваат, во согласност со меѓународните стандарди.

Клучни зборови

  • Вицегувернерка
  • Емилија Нацевска
  • Народна банка
  • СЕПА
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk