Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Митреска:Поголеми ценовни притисоци не се очекуваат, нема затегнување на монетарната политика

25 мај 2021 г.·2 мин читање·827 прегледи

Следете не на Viber

Инфлацијата во македонската економија, како и кај повеќето земји во регионот, ќе биде движена од промените на увозните цени. Но, ова се глобални фактори коишто се оценети како привремени и иако се можни одредени преносни ефекти, поголеми ценовни притисоци не се очекуваат. Оттука, како и со оглед на оцените за отсуство на притисоци од побарувачката, нема потреба од промени во олабавената поставеност на монетарната политика.

Ова го истакна вицегувернерката Ана Митреска на редовниот годишен состанок на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), на којшто се разговараше за предизвиците за монетарната политика во земјите на Централна и Југоисточна Европа. На состанокот, предмет на дискусија беа повеќе теми – ефектите од пандемијата врз економскиот раст и врз долгорочниот потенцијал на економиите, отпорноста на финансискиот сектор во регионот, фискалната реакција и координацијата со монетарната политика, како и инфлациската динамика и монетарната поставеност.

Вицегувернерката посебно се осврна на движењето на инфлацијата во земјите во регионот, нагласувајќи дека во пандемиската 2020 година таа во просек забави и се задржа во зоната на умерени позитивни промени. Во оваа слика се вклопува и македонската економија, со оглед на тоа што инфлацијата не претрпе поголеми промени и се задржа во контролирани рамки.

Очекувањата за инфлацијата за следниот период за целиот регион се под влијание на последните нагорни промени на цените на примарните производи на светските пазари, што е очекувано со оглед на големата трговска отвореност на овие економии и нивната увозна зависност. Сепак, проекциите за инфлацијата во регионот за следните неколку години не се значително променети во однос на претпандемиските проекции, покажувајќи дека растот на увозните цени, во услови на постепено закрепнување на економиите, не би предизвикал продолжени притисоци врз ценовното ниво. Одредени ризици постојат, со оглед на неизвесното окружување, но тие внимателно се следат од страна на сите централни банки во регионот.

Клучни зборови

  • Ана Митреска
  • БИС
  • вицегувернер
  • инфлација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk