Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Вицегувернерката Митреска на „Ерсте инвесторс брекфаст“: Инфлацијата е стабилизирана, продолжува внимателното нормализирање на монетарната политика

6 ное. 2024 г.·3 мин читање·664 прегледи

Следете не на Viber

Инфлацијата е стабилизирана, додека централните банки внимателно ја нормализираат својата монетарна политика. Основните каматни стапки иако се намалуваат, сѐ уште се на повисоко ниво. Се очекува големите централни банки (Европската централна банка и Федералните резерви) да продолжат со олабавување на своите монетарни политики и во текот на 2025 година. Притоа, суштинска ќе биде координацијата помеѓу монетарната и фискалната политика, односно поддршката во понатамошното закотвување на инфлацијата преку фискалната консолидација, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска во своето обраќање на единаесетото издание на конференцијата „Ерсте инвесторс брекфаст“, којашто традиционално ја организираат „Ерсте банка“ и „Шпаркасе банка“.

Вицегувернерката посочи дека и покрај намалувањето на инфлацијата постојат повеќе ризици кои се поврзани со поголемата инертност кај цените на услугите, растот на платите и расположивиот доход, можни притисоци на страната на понудата, како и поддршката од фискалната политика. Фискалниот одговор во неколкуте изминати кризи ја поддржа економијата, но истовремено ги зголеми нивоата на дефицитите и јавниот долг. Притоа, во регионот се забележуваат извесни подобрувања кај дефицитот и јавниот долг, но се уште се над предпандемиското ниво. Во следниот период суштински ќе биде да се остане на патот на фискалната консолидација. 

Говорејќи за нашата централна банка, вицегувернерката Митреска посочи дека Народната банка од почетокот на инфлациската криза презеде повеќе мерки за да ги стабилизира инфлациските очекувања преку затегнување на монетарната политика. Како резултат на овие мерки инфлацијата се намали од 19,8% во октомври 2022 година на 2,6% во септември 2024 година, вклучително намалување има и на инфлацискиот јаз со еврозоната. Со намалувањето на инфлацијата, Народната банка започна со внимателно олабавување на монетарната политика преку намалување на основната камата за 0,5 процентни поени.

Намалувањето на инфлацијата се очекува да продолжи и во 2025 година, кога најверојатно централните банки ќе ја постигнат целната инфлација, посочи вицегувернерката Митреска. Притоа таа истакна дека притисоците на страната на понудата ќе бидат почести во иднина, а како надолни ризици тука се и деглобализацијата, демографските и климатските промени кои можат да го намалат потенцијалот за раст на економиите и да влијаат на понудата и инфлацијата. Од друга страна брзиот напредок во технологијата, како вештачката интелегенција може да го зголеми потенцијалот за раст на економиите. Централните банки се свесни за ризиците на страната на понудата и будно ги следат случувањата.

Клучни зборови

  • Ана Митреска
  • Вицегувернерка
  • Ерсте банка
  • Ерсте инвесторс брекфаст
  • Народна банка
  • шпаркасе банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk