Кога компанијата започнува да се гради од една нулта точка и прераснува во голема корпорација, пред менаџментот се отвара можност за спроведување на процес на вертикална интеграција. Самиот поим во разговорно објаснување претставува процес во кој компанијата инвестира значителна сума на средства, технологија и време со цел да ги заобиколи своите добавувачи. Во основа вертикалната интеграција значи купување или создавање нови помали компании преку кои ќе се обезбедуваат потребните материјали/суровини/услуги и на тој начин целиот процес на креирање на одреден производ или услуга ќе биде во рамките на заедничка сопственичка структура.
Пример да земеме некоја голема градежна компанија која сака да изврши вертикална интеграција во своите процеси, иако можеби скоро и да не постои 100% интегрирање (успешно вертикално интегрирање значи и интегрирање на најбитните се…