Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Vero Drive“ – нова услуга на Веро маркетите за нарачка на производи

14 апр. 2020 г.·2 мин читање·524 прегледи

Следете не на Viber

Веро маркетите воведоа нова услуга Vero Drivе наменета за потрошувачите кои бараат брзи и практични решенија за да се снабдат со неопходните производи, а притоа да бидат максимално безбедни. Новата услуга на Веро овозможува онлајн нарачка на производи, при што потрошувачите самите ја подигнуваат нарачката од пункт на паркингот во Веро центар во Скопје и ја плаќаат при подигнувањето.

Нарачувањето производи се врши преку интернет страницата https://verodrive.vero.com.mk/, преку која потрошувачите може да се снабдат со широк асортиман производи од најразлични категории. По комплетирањето на производите што сакаат да ги купат, потрошувачите ќе добијат потврдна смс порака со број на нарачката и времето на подигнување. Производите може да се нарачаат во кое било време, а подигнувањето се одвива секој работен ден (од понеделник до петок) од 7 до 15 часот.

Во овие специфични моменти нашиот тим постојано работи на изнаоѓање брзи и практични решенија со кои ќе се прилагодиме на барањата и потребите на нашите потрошувачи. Со нив им го олеснуваме купувањето, им нудиме брзо решение за да ги добијат нарачаните производи без да доаѓаат во контакт со други потрошувачи – велат од менаџментот на Веро.

Клучни зборови

  • Vero Drive
  • Веро маркети
  • онлајн нарачка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk