Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

„Верверичка“ повторно ги наградува новороденчињата

31 окт. 2020 г.·2 мин читање·2083 прегледи

Следете не на Viber

„Верверичка“ повторно подготви изненадувања за сите деца што ќе се родат на 31 октомври 2020 година. По повод Светскиот ден на штедењето, Комерцијална банка АД Скопје ќе им додели штедни книшки за детско штедење „Верверичка“ со износ од 5.000 денари. При отворањето штедна книшка, вашиот мал штедач ќе добие и специјален подарок – касичка.

Штедни книшки ќе добијат сите деца што ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот во Скопје и во другите градови во Републиката во кои Банката има свои филијали и/или експозитури.

За да ги добијат донираните средства, законските застапници на децата родени на  31.10.2020 треба да ги достават потребните документи во Комерцијална банка најдоцна до 31.12.2020 година.

Пред да ги достават документите на шалтерите на Банката во Скопје и во други градови, треба да извршат регистрација на нивните деца како даночни обврзници во најблиската регионална дирекција на УЈП, согласно процедурите пропишани од УЈП. Во спротивно Банката нема да биде технички во можност да изврши исплата на средствата.

Со оваа своја одговорна мисија Комерцијална банка ги учи децата уште од мали нозе да штедат и да го научат значењето на оваа важна животна навика. Затоа детското штедење „Верверичка“ е штеден производ создаден со посебно внимание, кој носи и камата со која штедниот влог на вашето дете расте.

Клучни зборови

  • 31 октомври
  • Верверичка
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • награди
  • светски ден на штедењето
  • штедна книшка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk