Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

ВЕНЕЦУЕЛА ОТВОРЕНА ЗА НАФТЕН ДОГОВОР СО САД, додека Трамп најавува целосна контрола врз ресурсите

8 јан. 2026 г.·3 мин читање·2669 прегледи

Следете не на Viber

Венецуела сигнализира подготвеност за нов енергетски договор со САД во момент кога администрацијата на Доналд Трамп отворено зборува за целосна американска контрола врз венецуелската нафта, по последните чекори што дополнително ги заострија односите меѓу двете земји.

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во средата порача дека Каракас не ја исклучува соработката со Вашингтон во енергетскиот сектор, иако, како што истакна, американската интервенција со која беше соборен Николас Мадуро оставила длабока трага врз билатералните односи. Таа нагласи дека трговијата со САД не е нешто невообичаено и дека Венецуела е подготвена за енергетски односи што ќе бидат од корист за сите вклучени страни.

Изјавите на Родригез доаѓаат во време кога администрацијата на Трамп презема конкретни чекори за зацврстување на своето влијание врз венецуелската нафтена индустрија. Во средата, американските власти запленија два танкери под санкции и најавија дека ќе управуваат со целата продажба на идното производство на сурова нафта, како и со извозот на венецуелската нафта на глобалниот пазар.

Американскиот министер за енергетика, Крис Рајт, изјави дека САД ќе ја пласираат венецуелската сурова нафта на пазарот, почнувајќи од постојните резерви, а потоа и со идното производство на неодредено време. Во интервју за „Фокс њуз“, потпретседателот Џ.Д. Венс беше уште подиректен, тврдејќи дека Венецуела ќе може да продава нафта само доколку тоа е во согласност со националните интереси на САД, нагласувајќи дека Вашингтон ја има контролата врз енергетските ресурси на земјата.

Претходно оваа недела, Трамп објави договор вреден до две милијарди долари за пристап до венецуелска сурова нафта, што според аналитичарите укажува дека властите во Каракас реагираат на притисокот од Белата куќа да се отворат кон американските нафтени компании или да се соочат со уште поостри мерки, вклучително и воени.

Американското Министерство за енергетика соопшти дека, покрај постојното ембарго, единствената нафта што ќе може да се транспортира во и надвор од Венецуела ќе биде преку канали одобрени од САД и во согласност со американските закони и безбедносни интереси. Таквата контрола врз најголемите докажани резерви на сурова нафта во светот, според експертите, би можела да ѝ овозможи на администрацијата на Трамп значително влијание врз глобалното снабдување и цените на нафтата.

Откако американските сили го уапсија Николас Мадуро, Трамп повеќепати изјави дека САД ќе ја „управуваат“ Венецуела, и покрај јавно изразениот отпор од страна на Родригез. Во средата, тој дополнително изјави дека Венецуела ќе може да купува исклучиво американски производи со средствата добиени од секој нафтен договор склучен со Вашингтон.

Во меѓувреме, Трамп најави средба со раководителите на големите американски нафтени компании во Белата куќа, на која ќе се разговара за зголемување на производството во Венецуела. Сепак, според медиумските извештаи, компаниите се воздржани и бараат силни правни и финансиски гаранции пред да се впуштат во големи инвестиции. „Фајненшл тајмс“ и Ројтерс објавија дека извршните директори се под притисок брзо да се вратат во Венецуела и да вложат значителен капитал за оживување на ослабената нафтена индустрија, но само доколку добијат цврсти уверувања од американската влада.

(Фото: Unsplash)

Клучни зборови

  • венецуела
  • нафта
  • САД
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk