Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ИМА ОДГОВОР НА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Планираат царини за два големи американски бренда

28 ное. 2024 г.·2 мин читање·2924 прегледи

Следете не на Viber

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, најави дека својата надворешна економска политика ќе ја води преку воведување царини, а една земја веќе подготвила одговор на овој потег.

Според локалните медиуми, Велика Британија преку преговори ќе се обиде да избегне трговска војна со најголемиот партнер САД.

Меѓутоа, доколку преговорите не успеат, владата на земјата планира да воведе царини за две големи американски брендови. Станува збор за производителот на мотоцикли Harley Davidson и производителот на алкохолни пијалоци Џек Даниелс, пренесува Klix.ba.

Кога Трамп беше првиот претседател на САД, Велика Британија сè уште беше официјално дел од Европската унија, а сите контрамерки, на сличните надворешни економски потези на Трамп, беа применети според одлуките на Брисел.

Но, од 2020 година Велика Британија не е дел од овој блок и веројатно нема да го има истиот одговор како ЕУ, каде исто така се подготвува јасна политика во случај на воведување царини.

Важно е да се истакне дека, дури и ако Трамп наметне царини, одговорот во смисла на контрамерки нема да стапи веднаш во сила, туку ќе се започнат преговори за тој да се откаже од оваа политика.

Клучни зборови

  • Donald Trump
  • Harley Davidson
  • Jack Daniels
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk