Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Величковски од НБ: Со интеграција во СЕПА до побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

18 јун. 2024 г.·3 мин читање·557 прегледи

Следете не на Viber

„Интензивните активности во изминатите неколку години за усогласување на домашната правна рамка во платежната сфера со правото на Европската Унија создадоа основа за започнување на процесот за интеграција на земјата во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), пред да пристапиме во ЕУ. Во тој контекст, Народната банка во соработка со релевантните државни институции, на крајот на април оваа година поднесе барање до Европската комисија за неформална оцена на правната и функционалната еквивалентност на нашата регулатива со законодавството на Европската Унија. По добивањето и разрешувањето на евентуалните забелешки, барањето ќе биде и официјално поднесено до Европскиот совет за плаќања. Со пристапот до СЕПА, домашните банки ќе добијат можност да бидат учесници во платните системи (платежните шеми) во областа на СЕПА, што ќе обезбеди директни релации со многу странски деловни банки, а тоа ќе придонесе за побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и за компаниите во земјата“, истакна Игор Величковски, директор на Дирекцијата за платни системи во интервју за порталот „Независен.мк“.

Величковски истакна дека преку интеграцијата на земјава во СЕПА, граѓаните и фирмите ќе може на брз, безбеден и ефикасен начин да вршат безготовински плаќања во евра кон земјите членки на ЕУ, како и кон голем број земји коишто не се членки на ЕУ. Со пристапот кон СЕПА, ќе се намалат и трошоците за прекуграничните трансакции, што е особено значајно за дознаките коишто ги праќаат нашите граѓани од странство.

„Пристапот до СЕПА ќе им овозможи на домашните банки да бидат учесници во платните системи, преку кои се извршуваат плаќањата во евра во оваа област, што ќе овозможи побрз и поевтин пренос на парични средства имајќи предвид дека комплексните кореспондентни аранжмани ќе бидат избегнати. Со директен пристап до платните системи, домашните банки ќе можат да ги намалат своите трошоци за извршување на плаќањата во евра“, нагласи Величковски додавајќи дека предностите од пристапувањето во СЕПА се многу значајни за граѓаните и за компаниите имајќи предвид дека најголемиот број од прекуграничните плаќања се извршуваат во евра. Само за илустрација, минатата година преку банките во земјата, 87% од вкупните одливни прекугранични плаќања, односно 77% од вкупните приливни прекугранични плаќања се извршени во евра.

Инаку, СЕПА брои 36 земји членки, меѓу кои 27 земји членки на Европската Унија, четирите земји членки на Европската асоцијација за слободна трговија (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија) и Обединетото Кралство, како и неколку други држави (Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан).

Клучни зборови

  • Игор Величковски
  • Народна банка
  • СЕПА
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk