Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

130.000 граѓани со ниски примања ќе добијат ваучери за одмор и платежни картички за угостителски објекти

1 јун. 2020 г.·3 мин читање·239 прегледи

Следете не на Viber

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција соопшти дека на последната владина седница била усвоена Уредба, со која во рамките на Третиот пакет мерки за поддршка на економијата, околу130.000 граѓани со ниски примања до 15 јули годинава ќе добијат ваучери од по 6.000 денари и платежни картички со по 3.000 денари коишто ќе можат да се искористат само за одмор и во угостителски објекти во земјава.

Како што појасни Бектеши, главната цел на оваа мерка е поттикнување на домашната потрошувачка и поддршка на домашниот туристичко-угостителски сектор.

Картичките ќе се даваат на вработени граѓани кои имаат месечни приходи од најмногу 15.000 денари. Ваучерот ќе може да се искористи во домашните туристички објекти, а платежната картичка во сите угостителски објекти во земјава.

Оваа помош ќе ја добијат само оние за кои УЈП евидентирала дека од почетокот на годинава заклучно со крајот на минатиот месец немале приходи поголеми од вкупно 60.000 денари.

Бектеши најави и дека во исто време Министерството за економија ќе постави Платформа на која сите категоризирани туристичко-угостителски објекти низ државата ќе ги презентираат своите капацитети за сместување, каде што граѓаните кои ќе добијат ваучери ќе може да изберат која од понудите ќе може да ја искористат, односно ќе изберат каде ќе го поминат својот годишен одмор.

Притоа, ваучерите ќе може да се користат и во приватното сместување.

-Кога кажувам Категоризирани угостителски објекти мислам на сите објекти за сместување кои имаат Решение за категоризација вклучувајќи го и приватното сместување во нашата држава. Ја користам оваа прилика сите објекти кои не се категоризирани истото да го направат заклучно до 20 јуни за да истите можат потоа да аплицираат за користење на мерката и ќе може нивните понуди да ги прикачат на платформата со што граѓаните кои имаат ваучери да можат истите да ги искористат кај нив – порача Бектеши.

Граѓаните ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети ќе можат да ги користат од 15 јули 2020 година до 15 декември 2020 година.

За оваа владина мерка и за популаризација на одењето на годишен одмор во земјава се предвидени вкупно вкупно 10 милиони евра.

-Имајќи го предвид искуството од претходните години со поддршката на домашниот туризам, успеавме да го зголемиме бројот на домашни туристи во Република Северна Македонија во просек по 7 отсто годишно, со оваа мерка, и со кампањата за домашен туризам очекуваме бројот на домашни туристи и ноќевања во нашите туристички центри  оваа година да го зголемиме за 50% и со тоа да им помогнеме на нашите хотелиери да ги намалат загубите од оваа криза.. Потенцираме дека ова не е последна мерка за опоравување од корона кризата и во периодот кој следува заедно со приватниот сектор ќе продолжиме со нашата успешна соработка и ќе носиме нови мерки и програми за опоравување на последиците од оваа криза – рече Бектеши на прес-конференцијата.

Клучни зборови

  • бектеши
  • ваучери
  • Министерство за економија
  • патување
  • платежна картичка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk