Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ВАШИНГТОН ПОСТ НА ПРОДАЖБА: Ќе се ослободи ли Џеф Безос од весникот за да го купи фудбалскиот клуб Вашингтон Командерс?

26 јан. 2023 г.·2 мин читање·1048 прегледи

Следете не на Viber

Џеф Безос, основач на Амазон и сопственик на Вашингтон Пост, планира да го продаде весникот и да ги купи клубот Вашингтон Командерс, тврди Њујорк Пост. Во ноември минатата година, тимот ја објави изненадувачката одлука дека сопственикот Ден Снајдер и неговата сопруга ја ангажирале Bank of America Securities за да ги „разгледаат потенцијалните трансакции“.

Веста дојде во услови на зголемен притисок и повеќекратни тековни истраги кои го вклучуваат тимот.

Неколку луѓе, вклучувајќи го и Безос, се поврзуваат со потенцијалното купување на тимот. Извештајот од Front Office Sports го именуваше Тод Боли, косопственик на Лос Анџелес Лејкерс, Доџерс и Спаркс, како заинтересирана страна. Именувани се и ко-основачите на Clearlake Capital Бехдад Егбали и Хозе Фелисијано и Џон Хенри, главниот сопственик на Fenway Sports Group.

Според Форбс, Commanders вредат околу 5,6 милијарди долари – седумкратно зголемување во однос на тогашните рекордни 800 милиони долари што Снајдер ги плати за тимот во 1999 година. Извештајот на ФОС вели дека ниту една од првите понуди не надминала 6,3 милијарди долари.

Безос во јавноста го негираше извештајот на Њујорк Пост, кој цитираше неименувани извори, сугерирајќи дека милијардерот би можел да го отфрли весникот за да помогне во финансирањето на потенцијалното купување на тимот на НФЛ на Вашингтон Командерс. Милијардерот минатата недела ја посети редакцијата на Пост, се состана со вработените и седеше на уреднички состаноци. Извор близок до ситуацијата вели дека Безос на приватни состаноци им рекол на високиот персонал на весникот дека не планира да го продаде весникот.

Командерси се една од најзабележителните франшизи во една од најпопуларните спортски лиги во светот. Команданси имаат освоено три американски Супер Купа (во 1983, 1988 и 1992 година) и тимот се наоѓа на гигантскиот пазар во Вашингтон. НФЛ е најголемата моќ за рејтингот на американската телевизија и е хит за Amazon Prime Video, кој е ексклузивен дом на „Фудбал во четврток вечер“.

Клучни зборови

  • Амазон
  • американски фудбал
  • Вашингтон Пост
  • Џеф Безос
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk