Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Американците на денот на вљубените планираат да потрошат 21,8 милијарди долари

14 фев. 2021 г.·3 мин читање·1306 прегледи

Следете не на Viber

Купувачите на денот на заљубените планираат да потрошат 21,8 милијарди долари во 2021 година. Просечен купувач ќе потроши скоро 165 американски долари за Валентајн.

Според Националната федерација за малопродажба (НФМ), Валентајн е петтиот најголем ден за трошење во САД, по зимските празници и денот на мајката. Дури и во време на глобалната пандемија што ја потресе економијата и остави на улица милиони работници, потрошувачите не штедат многу кога станува збор за дарување на нивните најблиски.

Во 2021 година, околу половина од возрасните во САД планираат да го прослават денот на вљубените и да потрошат вкупно 21,8 милијарди долари, што е помалку од 27,4 милијарди долари за разлика од 2020 година. Но, 2020 година беше рекордна година и предвидената потрошувачка за 2021 година е сè уште втора по најголема вредност откако НФМ за прв пат го објави годишното истражување за трошење на денот на вљубените во 2009 година.

Во 2021 година, просечен Американец планира да потроши 164 долари на денот на вљубените, споредбено со 196 долари по лице минатата година, но повеќе од 2019 кога било 161 долари.

Но, не сите ќе купуваат подароци оваа година. „Со толку многу луѓе во несигурни финансиски ситуации, можеме да видиме … домашните Валентини стануваат норма“, рече Елизабет Нелсон, вонреден професор по историја на Универзитетот во Невада, Лас Вегас, истакнувајќи дека ситуацијата се враќа на традициите од прединдустриската ера.

Кому подаруваат луѓето најмногу подароци за денот на вљубените?

И не само љубените личности тие кои добиваат поклони. Иак потеклот на празникот е романтично, денот на вљубените се претвори во прослава на сите најблиски, вклучително и деца, домашни миленици, пријатели и соработници.

 

Како луѓето ги трошат своите пари за Валентајн?

Луѓето обично трошат пари за исти работи секоја година, главно бонбони, картички и цвеќиња. Повеќе од половина од Американци планираат да потрошат пари на бонбони и 44% планираат да потрошат пари на честитки оваа година. Ист така за разлика од лани оваа година се очекува на сметка на цвеќињата, да се зголеми бројот на прослава во домашна атмосфера.

Влијанието на КОВИД-19

За разлика од претходните години, 41% од Американците планираат посебна вечера или прослава дома за да се придржуваат до правилата за социјално дистанцирање, додека само 24% ќе ја поминат вечерта надвор од домот.

Пандемијата на коронавирусите не само што ги обликуваше одлуките за славење, туку влијаеше и на начинот на купување. Интернет-шопинг зема се поголем замав. Оваа година процентот на потрошувачка се покачи на 38%, за разлика од 32%  од претходната година.

Тоа што е специфично да се напомене е дека и поради пандемијата, малите бизниси се приклучија на списокот на најдобри пет дестинации за шопинг оваа година, бидејќи Американците се чувствуваа инспирирани да ги поддржат своите локални продавници во услови на економска криза.

Б.С

Клучни зборови

  • валентајн
  • денот на вљубените
  • подароци
  • трошење
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk