Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Вакцината за Ковид 19 ќе чини од 3 до 60 долари?

20 ное. 2020 г.·2 мин читање·5032 прегледи

Следете не на Viber

Неколку компании се вклучени во развојот на вакцина против коронавирус, а јавноста „дискутира“ кому да верува: на истокoт или на западот. Треба ли да застанеме зад вакцината произведена од Германците во соработка со Американците или да застанеме зад руската или кинеската вакцина?

Иако деновиве првенствено се води полемика за вакцината на Бионтек (во соработка со Пфајзер), таа би била доста поскапа од вакцината на компанијата АстраЗенека, т.н. „Оксфорд вакцини“. Претпоставка е дека вторите би можеле да бидат подоминантни на глобално ниво, како резултат на веројатно најниската цена на пазарот – од 3 до 4 долари по доза и се дава во две дози.

Според Гласот на Америка, вакцината на Бионтек би чинела околу 16 долари, а исто така се дава во две дози, во рок од 28 дена. Недостаток на оваа вакцина не е нејзината ефикасност, бидејќи е докажано дека е многу ефикасна, туку метод на складирање што е потребен дури и за развиените земји. Предизвикот е што мора да се чува на минус 70 степени.

На новаксовата вакцина,  единечна доза треба да чини 16 долари. Од друга страна, вакцината на американската фармацевтска компанија Модерна, треба да чини помеѓу 50 и 60 долари по доза. Две дози од кинеската вакцина на компанијата „Синовак“ чинат исто, а веќе е во продажба откако ја доби дозволата.

Очекуваната цена на вакцината „Џонсон и Џонсон“ би била околу 10 евара по доза, а се базира на генетски модифициран аденовирусен вектор, сличен на оној што го направи АстраЗенека. И, конечно, дојдовме до познатата руска вакцина Спутник V, која треба да чини околу 10 долари за две дози.

Клучни зборови

  • АстраЗенека
  • Бионтек
  • вакцина
  • ковид19
  • Оксфорд вакцини
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk