Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Утре свечено отворање на Штип Сити Мол

9 дек. 2022 г.·2 мин читање·1717 прегледи

Следете не на Viber

Утре напладне се отвора најголемиот шопинг центар во источна Македонија, Штип Сити Мол преку целодневна програма, за сите возрасти и вкусови. За најмладите посетители ќе се погрижат: Стела и Сани, хорот на Златно Славејче и аниматори и акробати, додека, пак, за возрасната публика, на денот на отворањето свој настап ќе имаат: DJ Goldie, Мина Блажев, како и дуото Дац и Александар.

Овој шопинг центар, кој ќе биде најголем и најмодерен трговски центар во овој регион, се очекува да биде двигател на економијата и ќе има значителен допринос во економско-трговски развој на градот Штип и целиот источен регион, кој опфаќа повеќе од 250 000 жители. Трговскиот центар се простира на површина од 12.780м², со околу 30 закупци, распоредени на 5 нивоа. Ќе нуди голем број на локални и светски познати брендови на едно место, богати забавни содржини, хотел, ресторан, кафуле, брза храна, текстил, козметика, игротека, книжара, бела техника и многу повеќе.

Лоциран е на една од најатрактивните точки во градот Штип, на самиот негов влез, Штип Сити Мол, заедно со хотелот и аква паркот, ќе ја збогати понудата на забавни и шопинг содржини, привлекувајќи огромен број на посетители од сите возрасти, не само од регионот, туку и од целата држава.

Од самиот почеток објектот интензивно се градеше за да биде готов во што е можно покус рок, соопшти на промоцијата на трговскиот центар Гоце Југов, проект менаџер на Штип Сити Мол. Инвестицијата досега изнесува 10,5 милиони евра и очекуваме да биде завршена со 12 милиони евра во предвидениот рок. Во изградбата на овој центар интензивно работеа од 100 до 150 луѓе секојдневно, а по отворањето дополнително ќе придонесе и за околу 300 до 400 нови директни и индиректни вработувања, велат од ДИК Фагус, компанија инвеститор на шопинг-центарот.

Клучни зборови

  • Штип Сити Мол
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk