Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Усвоена Предлог-одлуката за прераспределба на буџетски средства: Има пари за плати, пензии, лекови…

3 окт. 2023 г.·3 мин читање·4095 прегледи

Следете не на Viber

Собранието ја усвои Предлог-одлуката за прераспределба на средства во Буџетот за годинава. Со тоа, средства во износ од 18,2 милијарди денари се прераспределуваат за исплата на повисоките плати, зголемените пензии, регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор, социјални права, субвенции за земјоделци, за здравствена заштита, односно лекот „Трикафта“ и мерачи за лицата со дијабет, како и средства за нов пакет антикризни мерки.

„Со Одлуката вршиме реалокација на средства во интерес на социјалниот аспект, односно главните реалокации се токму во насока на поддршка на граѓаните и стандардот – покачување на платите во јавниот сектор за 10% и обезбедување на К-15 согласно Одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор, пораст на пензиите за околу 6% согласно воспоставеното системско решение, зголемување на средствата  за социјални трансфери, субвенции за земјоделците, поддршка на домашните и странските компании и обезбедување средства за деветтиот пакет на антикризни мерки. Нашата цел е поддршка за граѓаните, за што е можно повеќе да ги олесниме ценовните притисоци, а истовремено да ја задржиме и развојната компонента на Буџетот, со повисоко ниво на планирани капитални инвестиции во однос на буџетскиот дефицит. На ваков начин продолжуваме со стратегијата за заздравување на економијата пред се, преку заштита на стандардот на граѓаните, а понатаму и преку забрзување на економскиот раст“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи го предлогот во Собранието.

Министерот потенцираше дека со Одлуката се врши реалокација на 18,2 милијарди денари кои се обезбедени по основ на заштеди од помалку реализираните расходи кај одредени буџетски корисници, како и со дополнително обезбедените средства по основ на КАПЕФ механизмот и дека со ова се обезбедува сигурна ликвидност во Буџетот и сервисирање на обврските.

Со Предлог-одлуката за исплата на зголемени плати на вработените во јавниот сектор за 10% и исплата на регрес за годишен одмор од 10.000 денари се обезбедени 4,25 милијарди денари, за раст на пензиите за околу 6% за 336 илјади пензионери – 3,5 милијарди денари, 1,81 милијарда денари за државна помош за компании и тоа: за домашни компании 581 милион денари, за странски компании 200 милиони денари и за компании и инфраструктурно уредување во ТИРЗ зоните  300 милиони денари, 800 милиони денари се наменети за земјоделски субвенции, пред се за субвенции за млеко, сточарско производство, како и за авансно финансирање на земјоделците за растително и сточарско производство, 650 милиони денари за исплата на МОЈ ДДВ за третиот квартал заради зголемувањето на лимитот на повратот, 600 милиони денари за исплата на социјалните права за 36.000 корисници на гарантирана минимална помош, 290 милиони денари се наменети за исплата на студентски оброк за 29.000 корисници, стипендии за 6.900 студенти и 9.600 ученици, 200 милиони денари за  редовно сервисирање на породилните боледувања, 166 милиони денари за превод, печатење и откуп на учебници за основно и средно образование, 110 милиони денари за справување со Африканската чума, 100 милиони денари за набавка на лекот „Трикафта“ за 55 пациенти, како и 20 милиони денари за дигитални сензори за мерење на шеќерна болест.

 

 

 

Со одлуката, исто така се алоцирани, 4,55 милијарди денари во Програмата П1 средства наменети  за антиркизни мерки за справување со кризата.

Министерот посочи дека со ваквата прераспределба не се отфрла ниту еден капитален проект и дека капиталните расходи остануваат на повисоко ниво од буџетскиот дефицит, кој пак останува на исто ниво во номинален износ, со што се покажува посветеноста кон постепена фискална консолидација.

 

Клучни зборови

  • буџет
  • Одлука за прераспределба на средства
  • Собрание
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk