Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Уште колку евра ЕЦБ планира да испечати?

5 окт. 2020 г.·2 мин читање·139 прегледи

Следете не на Viber

Колку долго Европската централна банка (ЕЦБ) има намера да го препечати еврото и да го искористи за купување акции на домашната економија, кои се “сопнаа” поради оваа пандемија? По пролетниот пресврт околу фондот за да се справат со последиците од пандемијата и летната пауза, членовите на Управниот совет на ЕЦБ се скараа за понатамошните потези на банката во Франкфурт.

ЕЦБ во јуни објави дека ќе издвои 1,35 трилиони евра за најновата програма за вонредно купување акции за зајакнување на економијата во еврозоната поради пандемијата. Програмата на новопечатени пари ќе биде активна „до јуни 2021 година или додека банката процени дека кризата е завршена“, изјави тогаш раководството на ЕЦБ. Но, кога „помина“ кризата во еврозоната и остатокот од Европа?

На почетокот на неделава изби нова расправија во бордот на директори на ЕЦБ. Имено, годинашното економско закрепнување на еврозоната го поттикна „северното крило“ на Управниот одбор на ЕЦБ, кое дискретно се залага за запирање на понатамошното печатење на нови евра.

Од друга страна, Италијанецот Фабио Панета, член на управниот одбор на ЕЦБ, повика банката да остане спремна и со “отворен ум” за сите можни предизвици. „Асиметричните ризици бараат асиметрични одговори. Подобро е да се направи грешка со тоа што се прави повеќе отколку со помалку “, рече Панета, кого многумина го сметаа за претседател на банката во Франкфурт еден ден.

Клучни зборови

  • евра
  • ЕЦБ
  • печатење пари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk