Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Уште една државна обврзница на пазарот – емисија од скоро 100 милиони евра

6 фев. 2026 г.·1 мин читање·1212 прегледи

Следете не на Viber

Од денес на Македонска берза може да се тргува со нови државни обврзници, заведени под шифрата M020128. Се работи за емисија на 610.055 обврзници без девизна клаузула, со вкупна вредност од  6.100.550.000 денари, односно 99,2 милиони евра.

„Ве известуваме дека согласно барањето од страна на Министерството за финансии на Република Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 06.02.2026 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници…“, наведено е во берзанското соопштение.

За потенцијалните инвеститори е утврдена каматна стапка од 4,2 насто. Обврзниците се издадени на почетокот од неделава, на 2 февруари. По две години – во 2028, на истиот датум ќе достасаат за наплата.

Клучни зборови

  • државна обврзница
  • Македонска берза
  • Министерство за финансии
  • нова емисија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk