Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Уште два дена за запишување на граѓанската обврзница – Аукцијата ќе се одржи во петок

9 дек. 2025 г.·2 мин читање·3096 прегледи

Следете не на Viber

Заинтересираните граѓани за вложување во безбедниот иснтрумент –  граѓанска обврзница издадена од државата имаат уште два дена за тоа. Запишувањето во деловните банки ќе се одвива денес и во текот на утрешниот ден, информираат од Министерството за финансии. Ова е третата емисија на граѓанската обврзница, во износ од 100 милиони денари, која на инвеститорите им носи камата од 4,5 насто. Аукцијата ќе се одржи во петок на 12 декември.

Износот на една граѓанска обврзница е 10.000 денари. За целосна наплата доспеваат по 24 месеци. Предвидено е каматата за првата година да се исплати на 19 декември 2026 и за втората година на 19 декември 2027 година.

Првата емисија на граѓанската или популарно наречената народна обврзница беше реализирана во јули 2023 година, во вредност од 600 милиони денари или 9,75 милиони евра. На аукцијата граѓаните покажаа огромен интерес со уплатени повеќе од двојно средства, односно скоро 1,45 милијарди денари (23,5 милиони евра).

Во октомври истата година следуваше втората емисија, идентична како и првата. Притоа, беа запишани 17,6 милиони евра. Тие две емисии беа со камата од пет проценти.

Граѓанската обврзница е сигурен и безризичен инструмент. Се смета дека покрај бенефитите за граѓаните-инвеститори, полза има и државата затоа што вложените средства оридонесуваат за раст на домашната економија. Или, преку државната каса се насочуваат кон развојни проекти.

Клучни зборови

  • граѓанска обврзница
  • Министерство за финансии
  • трета емисија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk