Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Уште еден успех во низата – Филомена Пљаковска Аспровска се стекна со признание на сертифициран експерт за дигитална трансформација

11 јул. 2024 г.·3 мин читање·2703 прегледи

Следете не на Viber

На Филомена Пљаковска Аспровска, главната извршна директорка и претседателка на УО на Касис АД, единствениот македонски процесор за картични плаќања и пионер компанија во платежната индустрија, финтек и електронската трговија во земјава и регионот, денес ѝ беше доделено признание за сертифициран експерт за дигитална трансформација на македонските микро, мали и средни претпријатијa. Како експерт, Филомена Пљаковска Аспровска продолжува да придонесува за градење на успешен дигитален екосистем на бизнисите во земјата и да ги поттикнува успешните мали и средни претпријатија да ја зголемат својата конкурентност преку примена на дигитални алатки.

Важноста на дигиталната трансформација и дигиталната интеграција на локалните бизниси со странскиот пазар е од клучно значење за развивањети и растот на економијата, но и за подобрување на бизнис процесите и квалитетот на услугите. „Во улога на сертифициран експерт, сигурна сум дека ќе придонесам за стратешки планирани дигитални иницијативи кои ќе трансформираат компании од корен. Оваа програма на ГоДигитал е повик за акција за сите нас тука присутни да ја водиме нашата заедница кон поврзана и технолошки напредна иднина и да оставиме белег на економијата,“ изјави Пљаковска Аспровска.

Сертификацијата за експерти за дигитална трансформација, во Австриската Стопанска Комора, е иницирана и поддржана од Центарот за дигитална трансформација – ГоДигитал, непрофитна институција, која ја иницира и имплементира програмата за дигиталната трансформација на ММСП во Македонија, обезбедувајќи континуирана поддршка на претпријатијата во поглед на know how, кофинансирање, се до успешно имплементирање на стратегијата.

„Нашата примарна цел е да ја поттикнеме дигитализацијата и да ги водиме компаниите низ тој сложен процес на дигитална трансформација, да понудиме квалитетни консултанти и секако да укажеме на предностите кои дигитализацијата ќе им ги донесе на македонските микро, мали и средни претпријатија“, рече Никица Мојсовска Блажески, директор и ко-основач на ГоДигитал.

Целта на имплементирањето на програмата за дигитална трансформација на микро, мали и средни претпријатија е тие да ги подобрат своите перформанси преку трансформирање на своите работни операции во автоматизирани дигитални процеси, при што интегрирањето на дигитални решенија во нивните деловни стратегии ќе ги зголеми приходите и профитот и воедно ќе стимулира пораст на локалната економија.

 

Клучни зборови

  • ГоДигитал
  • Никица Мојсовска Блажески
  • УО на Касис АД
  • Филомена Пљаковска Аспровска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk