Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

УНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка – Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!  

24 апр. 2026 г.·3 мин читање·2780 прегледи

Следете не на Viber

Дали ви се случило кога сакате да користите одреден банкарски производ да ве прашаат дали тука ја земате платата? И доколку не одговорите потврдно, да не ви бидат понудени подобри услови.

Тоа не е случај и со УНИБанка! Во оваа банка може да си дел од програмата за лојалност УНИПлус, и покрај тоа што преку банката не ја земаш платата. Клиентите не се обврзани да ја префрлат платата во УНИБанка за да користат бројни поволности. Она што треба да се направи е само во Унибанка  да се отвори платежна сметка, на која ќе ви пристигнуваат некои од дополнителните приливи по основа на кирии и закупнини, хонорари или надоместоци од договори за дело или авторски услуги, девизни приливи, или трансакции од трети лица, а условот е само вкупните месечни приливи на сметката да достигнат минимум 24.000 денари, односно 15.000 денари за пензионери.

Лојалноста кон УНИБанка обезбедува бројни поволности како пониски каматни стапки за кредити и повисоки камати за депозити, бесплатно интернет банкарство, алатки за следење на личните финансии, како и можности за инвестирање во благородни метали.

“Овој модел претставува отстапување од вообичаената практика во банкарскиот сектор, каде што програмите за лојалност најчесто се условени со префрлање на плата, што, често претставува бариера за клиентите кои веќе имаат кредитни обврски во друга банка. Свесни за тоа како одлучивме да ги менуваме стандардите и да бидеме како Банка лидер во овозможувањето врвно корисничко искуство. Со УНИПлус им овозможуваме на клиентите поволности, но и поголема слобода во управувањето со нивните финансии“, велат од УНИБанка.

Од банката додаваат дека во пресметката не се вклучуваат трансакции поврзани со отплата на кредити, преорочување депозити и интерни преноси помеѓу сметки на ист клиент.

Според финансиските  експерти, УНИБанка и досега важеше за Банка со високо ниво на лојалност на нејзините клиенти, како и за динамична и модерна Банка. А со овој чекор, уште повеќе се позиционира кон поголема флексибилност и прилагодување кон потребите на клиентите, во време кога конкуренцијата во банкарскиот сектор станува сè поинтензивна. Паралелно со ова Банката континуирано инвестира во унапредување на безбедноста при банкарските операции, овозможувајќи непречено користење на банкарските  услуги.

СТАНИ ДЕЛ ОД УНИПлус – Лојална програма

Комерцијален текст

ДИЈАГНОСТИКА ВО МИЛИОНИ: Авицена со бум на приходот, Биотек со најголем профит

Клучни зборови

  • унибанка
  • УНИПлус
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk