Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Уникатна честитка од Бил Геjтс по повод 90ти роденден на неговиот пријател Ворен Бафет

1 сеп. 2020 г.·2 мин читање·371 прегледи

Следете не на Viber

Милијардерот Бил Гејтс на оригинален начин му го честиташе 90. роденден на Ворен Бафет, кој важи за еден од неговите блиски пријатели.

Гејтс зборува за заедничките интереси – љубовта кон математиката и броевите – и ги поврза со нивното пријателство.

Гејтс пресметал дека првпат се сретнал со Бафет точно пред 10.649 дена, односно на 5 јули 1991 година.

  • 30: Број на години кои Ворен ги помина во спиењето во текот на животот
  • 10.649: Денови од кога се сретнавме за прв пат, на 5 јули 1991 година
  • 2: Телефонски броеви што ги имам со брзо бирање во мојата канцеларија – Мелинда и Ворен

Непресметливо: Влијанието што Ворен го има врз светот со тоа што се обврза да го врати буквално целото свое богатство на општеството.

„Ворен Бафет денес има 90 години. Тешко е да се поверува дека мојот близок пријател влегува во десеттата деценија“, рече Гејтс

Најважното нешто што Гејтс научил од Бафет е вредноста на пријателството, а тој укажа на еден цитат кој Бафет еднаш им кажал на студенти на колеџ.

„Се движите во насока на луѓето со кои се дружите. Затоа, важно е да се дружите со луѓе кои се подобри од Вас. Пријателите што ги имате ќе ве формираат додека минувате низ животот“, рече Бафет. „ Имајте неколку добри пријатели, чувајте ги до крајот на животот, но нека бидат луѓе на кои им се восхитувате.“

Клучни зборови

  • Бил Гејтс
  • Ворен Бафет
  • честитка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk