Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

УНИБанка: Каматите од кредитите обезбедиле 65 отсто од приходите во првиот квартал

2 мај 2023 г.·2 мин читање·920 прегледи

Следете не на Viber

Позитивни се финансиските резултати што УНИБанка ги евидентирала во првото тримесечје од годинава, до кои е дојдено преку реализација на активностите насочени кон зголемувањето и подобрувањето на сопствената понуда. Ефектите се согледуваат во вкупните приходи од 491,2 милиони денари или речиси осум милиони евра, кои споредено со истиот лански период се зголемени за 12,6 проценти.

Во овој сегмент најголем е придонесот на каматите, кои се и клучниот фактор во банкарското работење од аспект на приходната срана. Во првите сто дена тие се со износ од 2,1 милион евра (132,1 милиони денари) и со учество од 65,2 отсто се доминантни во структурата на вкупните приходи. Во однос на споредбениот период се повисоки за 20,3 насто. Ова движење најмногу се потпира врз кредитите одобрени на граѓаните, кои се за еден процент поголеми од декември 2022 година.

Исто така, пораст има и кај приходите од провизии – за 7,4 проценти. Од УНИБанка тоа го поврзуваат со растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти и привлекувањето нови корисници.

Расходите во првиот квартал од оваа година се намалени за 8,4 отсто и се на ниво од 5,8 милиони евра (359,1 милион денари. Истиот тренд на опаѓање е збележан и кај обврските по кредити – за 5,9 проценти.

Од УНИБанка очекуваат дека и натаму ќе продолжи тенденцијата на зголемување на  активата, континуиран раст и задржување на квалитетот на кредитното портфолио, со што ќе се одговори на различните потреби и интереси на клиентите.

Клучни зборови

  • прв квартал 2023
  • унибанка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk