Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

УНИБанка: Од камати инкасирани 15,7 милиони евра

20 фев. 2023 г.·2 мин читање·1599 прегледи

Следете не на Viber

Во текот на 2022 банката се ориентирала кон кредитирање на населението, а значајна ставка во нето приходите имаат и наплатените провизии во износ од 5,1 милион евра

Продажбата на инвестициско злато има солиден удел во формирањето на сликата за успешното работење на УНИБанка АД Скопје. Новитетите и разновидноста на понудата го привлекле вниманието на клиентите, а сето тоа, заедно со редовните активности, се одразило во бројките низ кои се согледуваат позитивните финансиски резултати, со кои Банката ја заокружи изминатата 2022 година. Истовремено, обезбеден е и континуитет во поедноставувањето на реализацијата на банкарските трансакции, преку воведување нови технологии.

Резултатот, пак, е добивка, чиј износ е 374.403.000 денари или 6,07 милиони евра пред, односно по оданочување – 5,5 милиони евра (341,3 милиони денари).

Што се однесува до вкупните приходи остварени од работењето на УНИБанка, во однос на 2021 година бележат зголемување од 12,65 проценти. Конкретно, се работи за сума од 31,3 милиони евра (1.932 милиони денари).

Каматите се главниот елемент на кои се темели ова финансиско достигнување. Во текот на минатата година, по оваа основа се инкасирани 15,7 милиони евра (971.120.000 денари). Со учество од 58 отсто, овој сегмент е водечки во структурата на вкупните приходи. А, споредено со истиот период  од 2021 година, тука има зголемување од 5,2 насто. Инаку, интерните секторски анализи покажуваат дека Банката повеќе е ориентирана кон кредитирање на населението.

Приливот од провизии и надомести на УНИБанка и обезбедил нето приход од 5,1 милион евра (319.613.000 денари). Во овој дел е евидентиран значителен раст од 19,1 процент.

Зголемување има и кај расходната страна, и тоа од 6,3 насто. Заклучно со последното тримесечје од 2022 година трошоците изнесуваат 1.590,6 милиони денари или 25,8 милиони евра. Тоа се објаснува со растот на административните расходи кои произлегле од енергетската криза и од ескалацијата на руско-украинскиот конфликт.

Во текот на изминатата година Банката исплатила дивиденда во износ од 1,9 милиони евра.

Инаку, вкупната актива на УНИБанка е во износ од 420,4 милиони евра.

Финансискиот успех е постигнат во отежнати услови за работа, кои беа присутни во претходните две години. Очигледно, бројните ограничувања и предизвици немале влијание врз ликвидноста и солвентноста на Банката.

Клучни зборови

  • камати
  • унибанка
  • УНИБанка АД скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk