Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

Уни банка: На секундарниот пазар се тргува перпетуалната обврзница од третата емисија

26 дек. 2023 г.·2 мин читање·883 прегледи

Следете не на Viber

Перпетуалната обврзница од третата емисија е котирана и со неа може да се тргува на секундарниот пазар на Берзата, информираат од Уни банка. Одлуката за котација на подсегментот Берзанска котација-Котација на други хартии од вредност, ја донесе минатата недела Одборот на директори на Македонска берза.

„Перпетуалните обврзници издадени од УНИ Банка АД Скопје се хибриден финансиски инструмент со специфични карактеристики, кој за прв пат се појави на домашниот пазар на хартии од вредност во 2019 година. Специфичните карактеристики на овој финансиски инструмент произлегуваат од тоа што овие хартии од вредност немаат рок на достасување, можноста издавачот да ја откаже исплатата на камата во било кое време, како и од можноста издавачот, целосно или делумно, да ја намали номиналната вредност на обврзниците, доколку настанат определени околности“, пишува во известувањето.

Оттаму, од Одборот на директори посочуваат дека овие обврзници примарно се наменети за „инвеститори кои имаат доволно знаење и искуство за вложување во вакви финансиски инструменти, односно треба да се има предвид наведеното во иницијалниот проспект за котација на првата емисија од овие хартии од вредност“.

Се работи за некумулативни, неконвертибилни, преносливи, субординирани, необезбедени, перпетуални (трајни) обврзници, со фиксна каматна стапка. Издадени се 1.350, со номинална вредност од илјада евра, при што вкупната номинална вредност на емисијата е 1.350.000 евра. Се издаваат по пат на приватна понуда и немаат рок на достасување. Каматната стапка е фиксна – 6% за првите пет години, а по истекот на тој период 8%. Ќе се исплаќа полугодишно, на 24 април и на 24 октомври секоја година, почнувајќи од 2024. Каматата се пресметува во евра, а се исплаќа во денари, по среден курс на НБРСМ на денот на исплатата.

Подетални информации за котацијата се објавени на официјалните интернет страници на Македонска берза и на Уни банка.

Клучни зборови

  • перпетуална обврзница
  • УНИ банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk