Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

УНИ банка: Исплата на полугодишната камата од 5% за перпетуалните обврзници

21 авг. 2024 г.·2 мин читање·1150 прегледи

Следете не на Viber

Сопствениците на перпетуални обврзници од УНИ банка, на 30 август ќе ја добијат полугодишната камата. Стапката е пет проценти на годишно ниво.

Станува збор за перпетуалните обврзници од втората емисија со ИСИН MKBLBA200029 и шифра UNIPO2. Како што информираат од Банката, средствата по овој основ ќе им бидат исплатени на лицата кои заклучно со датум од 29 август се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност.

„Тргувањето со обврзниците во деновите 27 и 29 звгуст 2024 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 181 и 183 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 30 август и 2 септември 2024 ќе треба да му го уплати износот  на чистата цена + акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 30 август и 2 септември 2024, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата“, појаснуваат од УНИ банка.

Клучни зборови

  • исплата на полугодишна камата
  • перпетуални обврзници
  • УНИ банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk