Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

УНИ банка: Исплата на полугодишната камата за перпетуалните обврзници од првата емисија

17 јан. 2024 г.·2 мин читање·4344 прегледи

Следете не на Viber

Во понеделник (22 јануари), УНИ банка ќе изврши исплата на полугодишната камата по годишна стапка од девет проценти за перпетуалните обврзници од првата емисија со ИСИН MKBLBA200011 и шифра UNIPO. Каматата ќе биде пресметана заклучно со 21 јануари.

Право на исплата имаат сите оние, кои со датум 18 јануари се регистрирани во Централниот депозитар за хартии од вредност, во книгата на иматели на перпетуални обврзници.

Од УНИ банка информираат дека тргувањето со обврзниците извршено на 15 и 16 овој месец ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 183 и 184 денови соодветно, „при што купувачот при порамнувањето на 17 и 18 Јануари ќе треба да му го уплати износот  на чистата цена + акумулираната камата на продавачот“. Притоа, „купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 17 и 18 Јануари 2024 година, соодветно, и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата“.

Исто така, се наведува, согласно одлуката усвоена од Собранието на акционери, истиот ден, на 22 јануари, Банката ќе изврши откуп на 5.000 перпетуални обврзници од оваа емисија, со номинален износ од 1.000 евра за обврзница, во денарска противвредност.

 

Клучни зборови

  • исплата на полугодишна камата
  • перпетуална обврзница од прва емисија
  • УНИ банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk