Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

УНИБанка донираше 50 нови компјутери на Математичко – Информатичката Гимназија во Скопје

4 фев. 2021 г.·2 мин читање·3741 прегледи

Следете не на Viber


УНИБанка АД Скопје, во соработка со Министерството за образование и наука, овозможи донација за учениците од државната МАТЕМАТИЧКО – ИНФОРМАТИЧКА ГИМНАЗИЈА – Скопје. Донираната IKT опрема е набавена со конфигурации согласно потребите на наставната програма за кои има 50 персонални компјутери и 50 монитори од марката DELL.
МАТЕМАТИЧКО – ИНФОРМАТИЧКА ГИМНАЗИЈА Скопје, е ново државно средно училиште основано во учебната 2020/2021 година, наменето само за остварување на наставни планови и програми за образование на одредени категории на ученици, за кои државата има посебен интерес. Во моментов наставата ја посетуваат 34 талентирани деца. Донираната опрема е од највисока класа и ќе биде искористена во т.н. “Лабораторија” за стекнување на знаења и вештини во областа на математика, информатика и физика.

Со оваа иницијатива, УНИБанка допринесува за успешен развој на информатичкото образование во Северна Македонија – аспект кој во време на пандемија придоби големо значење. И покрај овие услови, УНИБанка уште еднаш докажа дека е една од активните социјално одговорни компании во државата.

За време на свеченоста посебно обраќање кон присутните имаа Министерката за образование и наука, Мила Царовска како и Директорката на училиштето, Јулија Гајдаџиева и Извршниот директор на УНИБанка, Владислав Хаџидинев кој изјави – “Донацијата на Банката им дава на учениците можност да учат и растат и да стекнат практично искуство со најсовремена опрема што претставува „бран на иднината“ во технологијата” .

Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука.

Клучни зборови

  • Министерство за образование и наука МОН
  • УНИБанка АД скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk