Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

УНИБанка АД Скопје и оваа година со силни резултати и стабилен раст

19 мај 2026 г.·2 мин читање·5048 прегледи

Следете не на Viber

УНИБанка АД Скопје продолжува со стабилен раст и успешно работење, потврдувајќи ја својата позиција како динамична и доверлива банка на македонскиот пазар.
И покрај предизвиците на домашната и глобалната економска сцена, Банката успешно ги реализира своите деловни цели и стратешки приоритети.

Благодарение на внимателно поставената стратегија, професионалниот кадар и одговорниот пристап во работењето, Банката континуирано обезбедува стабилност, доверба и одржлив раст.

Одлуките усвоени на Собранието на акционери се уште една потврда за успешното работење на Банката и за нејзината посветеност кон долгорочен развој, стабилност и грижа за акционерите.

Добивката по оданочување за 2025 година изнесува 492.514.716,00 денари.
Дел од добивката, во износ од 259.207.035,00 денари е наменет за капитализација и останати резерви, со цел натамошна поддршка и развој на работењето на Банката.

Износ од 22.010.712,00 денари е наменет за исплата на камата на имателите на перпетуалните обврзници од Банката.
Истовремено, значаен дел од добивката, во износ од 211.296.969,00 денари, останува на располагање за понатамошна распределба на акционерите, чија исплата би се утврдила на наредно Собрание на акционерите.

Со оваа одлука, УНИБанка АД Скопје уште еднаш ја потврдува својата политика на вреднување и почитување на довербата на акционерите, истовремено обезбедувајќи континуитет во развојот, стабилноста и создавањето долгорочна вредност за клиентите, акционерите и целокупната економија.
Банката и понатаму останува фокусирана на дигитализација, иновации, поддршка на бизнис заедницата и општествено одговорно работење, како клучни двигатели на нејзиниот иден развој.

Клучни зборови

  • УНИ банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk