Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Унгарскиот 4iG и официјално ја почна постапката за влез во Македонија како трет мобилен оператор

17 дек. 2024 г.·3 мин читање·480 прегледи

Следете не на Viber

Унгарската компанија 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде го изразува својот интерес за обезбедување на достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во Северна Македонија.

Според компанијата, овој чекор преставува значителна пресвртница во плановите на 4iG за да придонесе во модернизација на телекомуникациската инфраструктура во земјата и да внесе засилена конкуренција во секторот. Во текот на следните месеци, компанијата ќе соработува со AEК за достапноста на радиофреквенциите, да се обезбеди усогласување со регулаторните рамки и да се продолжи со долгорочната стратегија за развој во регионот.

Од 4iG изразија задоволство што го почнаа процесот за влез на македонскиот пазар. „Среќни сме што и официјално го започнавме влезот на телекомуникацискиот пазар во Северна Македонија“, вели Пал Заранди, директор за мобилни и 5G стратегии во Групацијата 4iG.

Тој додаде дека го препознале потенцијалот на пазарот и оти се уверени дека нивното искуство во соседните земји, како што се Албанија и Црна Гора, ги позиционира во насока да даваат најсовремени услуги за клиентите и бизнисите овде. „Секогаш кога ќе одлучиме да влеземе на нов пазар, од клучно значење е да имаме и поддршка од регулаторната средина и подобро да ги разбереме локалните услови, посочува Заранди и додава дека ангажирале домашни и меѓународни експерти за да направат сеопфатна анализа на пазарот во Северна Македонија, како и оти се сигурни дека нивниот пристап ќе донесе додадена вредност во секторот„.

Групацијата 4iG, се вели во соопштението, е една од најистакнатите унгарски ИКТ и телекомуникациски компании. Вработува над 8 000 висококвалификувани професионалци и опслужува над 10 милиони конекции во регионите каде што е присутна. Групацијата е позната по својот иновативен пристап и сигурни решенија. Како компанија е посветена на воведување напредни технологии како што се 5G, IoT и инфраструктура управувана од вештачка интелигенција, што ќе го отвори патот Северна Македонија да стане земја со подобра мрежа и поголема компетитивност.

„Нашето истражување на пазарот покажа големи можности поради достапноста на опсегот на фреквенции и секако поради поддршката од регулаторната средина“, велат од Групацијата и додаваат дека достапноста на фреквенцијата е од суштинско значење за градење на мрежата.

Проширувањето на 4iG во Северна Македонија е дел од пошироката стратегија на компанијата за подобрување на телекомуникациската инфраструктура во регионот, притоа создавајќи значителна економска и технолошка вредност, се вели во соопштението на унгарската компанија. Овој чекор е усогласен со посветеноста на Групацијата за поттикнување иновации, следење на локалните регулативи и обезбедување исклучителни услуги.

На 18 октомври групацијата соопшти дека по неколку успешни аквизиции во Албанија и Црна Гора, 4iG Group започнала со подготовки за влез на пазарот во Северна Македонија, со основање на подружница „ONE Macedonia Telecommunications“.

„Со одлука на Одборот на Групацијата донесена минатиот петок, новата компанија ќе биде основана од Antenna Hungária Zrt., дел од 4iG Group, под којашто е телекомуникациското портфолио на инфо-комуникациската групација во Унгарија и во Западен Балкан. Регистрацијата на компанијата е завршена, а со формирањето на оваа компанија, 4iG Group има за цел што поскоро да влезе на телекомуникацискиот пазар во Северна Македонија“, соопшти тогаш групацијата.

Клучни зборови

  • ONE Macedonia Telecommunications
  • трет мобилен оператор
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk