Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Уличните продавачи во Барселона си создадоа свој сопствен бренд

13 јун. 2021 г.·2 мин читање·1070 прегледи

Следете не на Viber

Уличните продавачи во Барселона создадоа свој бренд на патики под називот „Топ Манта“, кои се произведуваат во Аликанте во Шпанија и Порто во Португалија. Тие основаа истоимена задруга, па со парите од заработката од продажба на чевли, имаат цел да им помогнат на мигрантите да станат легални и да им дадат можност пристојно да заработуваат.

По повеќегодишната продажба на улица со евтини копии на обувки и облека од познати брендови, пред се, мигрантите од Африка ја дизајнираа својата линија на чевли во бои што потсетуваат на континентот од каде доаѓаат. Тие го добија прекарот „мантерос“ затоа што ја продаваат својата роба на чаршави наречени манта, и поради тоа секогаш се подготвени да ги врзат краевите од чаршафите и да избегаат од полицијата.

Во 2017 година имаа неуспешен обид на идејата за создавање на бренд на начин што планираа своето лого да го залепат на обувките кои се увезени од Кина. Но и покрај тоа тие не се откажаа од намерата и понатаму да основаат сопствен бренд. „Отсекогаш сме биле критикувани и прогонувани затоа што продававме копии, но сега имаме свој бренд“, изјавија од здружението „Топ Манта“.

Нивното лого е стилизиран лист, кој истовремено претставува бранови, што го симболизира нивното опасно патување преку Средоземното море со мали бродови. Според здружението, тие се одлучиле за одговорно производство со цел да ја оживеат занаетчиската индустрија за обувки. Досега тие произведоа 400 пара патики, кои се продаваат по цена од 115 евра.

Благодарение на членството во здружението, 120 „мантерози“ добија легален престој, а 25 члена добија работа. На прашањето зошто некој би избрал патики „Топ Манта“, наместо светски познат бренд, здружението наведува дека на тој начин и се помага на дискриминирана заедница а не на мултинационални компании кои ги експлоатираат очајните луѓе во земјите во развој.

Клучни зборови

  • Барселона
  • сопствен бренд
  • Топ Манта
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk